Начинот на кој Исланд се бори со Дауновиот синдром го шокира светот | Не гледаме во абортусот како убиство

2893
Booking.com INT

Веста дека Исланд е водечка земја во “искоренувањето на Дауновиот синдром кај доенчињата” неодамна крена огромна медиумска прашина и предизвика револт кај луѓето од целиот свет.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Сè повеќе има пренатални тестирања со кои се подвргнати бремените жени во Европа и во САД, со кои може да се детектираат хромозомските абнормалности кои предизвикуваат сериозни дефекти на плодот, па со тоа значително се намалува бројот на бебињата родени со Даунов синдром, особено на Исланд.

Имено, откако таквите тестирање беа воведени на Исланд со почетокот на 2000-та година, поголемиот дел од жените, што е речиси 100 проценти, со резултат на позитивниот тест за Даунов синдром, одлучиле да ја прекинат бременоста.

Пренаталното тестирање не е задолжително за бремените жени, но за неговото постоење мора да се информира секоја идна мајка. Така, на Исланд со 330.000 жители, годишно се раѓаат само едно до две деца со Даунов синдром. Овие бебиња обично се резултат на несигурноста во тестирањето.

Комбинираната селекција, која обично се врши во 12-та недела од бременоста, се состои од проценка на ризикот врз основа на возраста на бремената жена, анализа на примероци од крвта и ултразвучниот преглед, а открива ризик на Даунов синдром и неколку други нарушувања. Сигурноста на овој тест е околу 85 проценти.

Исландскиот закон им овозможува на бремените жени да се одлучат за абортус по 16-та недела, ако постојат аномалии кај фетусот.

Helga Sol Olafsdottir е советник на бремените жени кои се одлучуваат да ја прекинат бременоста.

“За нас, абортусот не е убиство. Ние гледаме на тоа како на нешто што сме завршиле. Прекинуваме нечиј живот кој може да биде полн со компликации, а со тоа го спречуваме страдањето на детето и семејството. Сметаме дека тоа е фер начин отколку да го наречеме убиство, тоа е црно-бела слика. Животот не е ниту црн ниту бел, животот е сив”, објаснува таа.

Децата со Даунов синдром најчесто, но не секогаш, имаат специфична форма на лице. Тие можат да имаат различни компликации, од кои некои се поистакнати во текот на растењето, а тоа се: срцевите маани, склоноста кон заразни болести, прекумерната телесна тежина, проблеми со тироидната жлезда и други, но животниот век на луѓето со Даунов синдром значително е зголемен.

Во 1929 година, бебе родено со оваа болест често не живеело подолго од 10 години. Денес, луѓето со Даунов синдром во просек живеат 50 години и повеќе, во зависност од тежината на здравствени проблеми.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...