Начинот на кој партнерот ве држи за рака открива многу за вашата врска – Кој е вашиот?

915

Ако некогаш сте биле во љубов, знаете колку е прекрасно чувството да шетате со саканиот/та додека ве држи за рака. Можеби не сте забележале, но овој мал гест кажува многу за вашата врска и за фазата низ која поминувате како двојка, пишува Bright side.

Ве покануваме да го дознаете вистинското значење зад различните видови држења за раце. Значи, кој е вашиот?

1. Дланка свртена кон дланка

loading...

Ако ги држите рацете на овој начин, тоа значи дека вашата врска се темели на љубов, но, не и на страст.

Исто така, открива дека она лице кое дланката ја врти надолу, има посилна личност, често презема иницијатива и поодлучна е.

2. Испреплетени прсти

Испреплетените прсти симболизираат страст и силна врска помеѓу две лица. Кога вака ги држите рацете, важно е дека двајцата цврсто ја имате раката на другото лице.

Не е добар знак, доколку раката на едното лице е премногу опуштена.

3. Држење за малиот прст

Овој начин на држење за раце значи дека и на едното и на другото лице од суштинско значење им е независноста. Овие двојки знаат да ја почитуваат приватноста и меѓусебниот простор.

Овој начин на држење, исто така, може да укаже дека овој пар се соочува со деликатен момент кога еден од нив ја чувствува потребата да бидат само пријатели.

4. Засилено држење со другата рака

Ако употребувате вакво “засилување”, тоа обично значи дека работите меѓу вас двајца се сериозни.

За жал, ова не е секогаш позитивен знак: тоа може да значи и дека сте се претвориле во луд посесивен партнер.

5. Рака под рака

Оваа позиција често се користи кога двајцата присуствуваат на некој настан.

Меѓутоа, ако вака ги држите рацете секој ден, тоа значи дека она лице кое го зема партнерот под рака бара заштита или се чувствува малку несигурно во нивната врска.

6. Држење за прсти, малку повлекувајќи ја раката

Ова може да значи дека парот не е на иста бранова должина. Лицето кое ја повлекува раката е во обид да ја забрза одлуката на својот партнер.

Исто така, ова може да биде знак дека на еден од нив им здодеала рутинита во врската.

7. Не се држите за раце

Ако вашиот партнер избегнува да ве држи за рака, тоа може да биде знак дека тој или таа едноставно не се доволно заинтересирани. Сепак, тоа може да укажува на срамежливост и желба за приватност.

Не носете предвремени одлуки и набљудувајте ги и другите знаци во вашата врска. Најверојатно немате за што да се грижите.

loading...