Најавено отворање на најголемиот хотел на светот во Мека | Видео

409

Отворањето на најголемиот хотел на светот е најавено за следната година во Мека, во кој ќе има 10.000 соби и 70 ресторани.

Објектот, кој е наречен „Абраџ Кудај“ и чија изградба чини околу 3,13 милијарди евра, опфаќа вкупно еден милион метри квадратни, а освен собите и рестораните, во него ќе има и трговски центар и раскошна свечена сала.

Изградбата на хотелот е финансисрана од саудиското Министерство за финансии, а за дизајнот е задолжена меѓународната консултантска компанија „Дер ал-Хендсах груп“.

Хотелот ќе биде наменет за широката јавност, но пет катови се резервирани за одмор на саудиското кралско семејство.

loading...