Најави за настани во Македонија

423

Скопје – Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски ќе се обратат на официјално отворање на третиот циклус саеми за вработување. (Метрополис арена, Скопски саем/10:00)

Скопје – Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски и раководителот на Секторот за соработка при Делегацијата на Европската унија во Македонија, Никола Бертолини ќе присуствуваат на примопредавање на донација во опрема и возила од Европската унија. (Агенција за храна и ветеринарство/11:30, инсерти/11:45, изјави за медиуми/12:00) 

Скопје – Стопанската комора на северозападна Македонија ќе го промовира Create Hub поддржан од Програмата за зголемување пазарна вработливост ИМЕ. (х. Елит плаза, позади Универзална сала/11:30)

loading...

Скопје – Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје организираат дебата „Планински туризам и екотуризам за оджлив развој за Македонија“. (Француски институт/19:00)

Скопје – Конференција за соработката и односите меѓу земјите од Вишеградската група и Западен Балкан во организација на Аналитика тинк тенк и во соработка со Амбасадата на Полска во Скoпје и Центарот за истoчни студии. (ЕУ Инфо центар/11:00)

Скопје – Презентација на вториот квартален извештај од следењето на работата на Судскиот совет на Република Македонија. (х. Арка/10:00, изјави за медиуми/09:45 – 10:00)

Скопје – КултурКонтакт Австрија во соработка со Министерството за образование и наука и македонскиот Центар за стручно образование организираат завршен настан од регионалниот проект „Претприемничко учење“. (х. Холидеј ин/10:30 – 14:00)

Скопје – Прес-конференција на Македонскиот полициски синдикат. (зграда на ССМ, 10 кат/12:30)

Тетово – Отворање на нова бензиска станица на „Макпетрол“. (после вора патарина, пред Тетово/12:00)

Скопје – Центарот за управување со промени ЦУП и Центарот за одржлив развој АЛКА организираат завршна конференција за проектот „“Граѓанинот на прво место“. (х. Холидеј ин/изјави за медиуми/11:20 – 11:30)

Скопје – Институтот за стратешки истражувања и едукација и „Мрежа 23“ ќе ја промовираат студијата „Ќе има ли свиркачи на Универзитетите?“. (ЕУ Инфо центар/14:30 – 16:30)

Скопје – Завршен настан „Да славиме заедно“ во рамки на проектот Еразмус плус во организација на Детската градинка „Детска радост“ и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. (спортска сала Металург/11:00)

Скопје – Промоција на проектот „Обединети преку спорт“ имплементиран од Здружението за унапредување на меѓусебната доверба – ТАКТ и поддржан од Амбасадата на САД во Македонија. (Јавна соба/13:00)

Тетово – Факултетот за уметнмост при Државниот универзитет во Тетово во соработка со факултетите за уметност на Универзитетот во Тирана и Универзитетот во Приштина организира манифестација „Мостот на три крака“. (ректорат на Универзитетот во Тетово/16:00)

Скопје – Почнува фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво, па женско“. (МКЦ)

Стар Дојран – Отворање на првата подружница на Природнонаучниот музеј на Македонија со постојана изложба насловена „Живиот свет во Дојранското Езеро и Котлина“. (12:00) 

Скопје – По повод Меѓународниот ден на музеите, Националната галерија на Македонија ќе организира:

– едукативна музејска наградна игра „Лавиринт на уметноста“. (Галерија Даут Пашин Амам/12:00)

– отворање на изложбата „Иван Мештровиќ, литографии од Колекцијата на Националната галерија на Македонија. (галерија Чифте Амам/19:00)

– отворање на изложбата „Искушенијата на НИНАВАЛЕ“. (Чифте Амам/20:00)

Скопје – По повод Меѓународниот ден на музеите, Археолошкиот музеј на Македонија организира едукативен настан за деца „Запознавање со археологијата“. (13:00)

Скопје – Рецитал на сопранот Весна Ѓиновска – Илкова и Кристина Светиева – пијано во рамки на 45. „Мајски оперски вечери“. (Македонска опера и балет/20:00)

Скопје – Промоција на монографија за акварелите на Васко Ташковски. (мултимедијален културен центар Матица екслузив/12:00)

Скопје – Отворање на самостојна изложба на Бојана Божиновска. (Отворено графичко студио при Музејот на град Скопје/20:00)

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
loading...