Најави за настани – Македонија

441

Скопје – Министерот за одбрана Зоран Јолевски ќе се обрати по повод започнувањето на обуката на осмата генерација слушатели за воени пилоти. (Центар за обука на пилоти во касарна „Страшо Пинџур“ во Петровец/12:00, пристигнување на медиуми до 11:40)

Скопје – Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и заменик министерот на Министерството за човечки ресурси и социјална сигурност на НР Кина, Фу Џингуо ќе потпишат Меморандум за соработка во областите на трудот и социјалната сигурност помеѓу двете министерства. (МТСП/10:30)

Скопје – Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски ќе одржи прес-конференција на која ќе го промовира започнувањето со имплементација на мерката „Обука за претприемништво“. (Агенцијата за вработување на РМ/11:00)

Скопје – Центарот  за  податоци  и  информации  на  ЕУ  на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  Скопје, во соработка  со Делегацијата на ЕУ во Македонија, организира  тематска прослава „60 години од потпишувањето на Римските Договор“, во рамки на свеченостите по повод одбележувањето на Денот на Европа – 9. Мај. (Економски факултет, амфитеатар 2/12:15)

Скопје – Бизнис форум и деловни средби меѓу стопанственици од Македонија и од Велика Британија, во организација на Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Јужен Лондон. (Стопанска комора на Македонија/10:00)

Скопје – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе одржи состанок со кој ќе го најави почетокот на подготовка на Стратегијата за периодот 2018-2022 година за аудиовизуелната медиумска област. (ААВМУ/12:00) 

Скопје – По повод Меѓународниот ден на семејството – 15 мај Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет при УКИМ ќе одржи работилница под наслов „Сите семејства се еднакви“. (Филозофски факултет/10:30)

Прилеп –  Центарот за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија организира трибина за заокружување на младинската програма „За сите деца“. (Градска библиотека „Борка Талески/12:00) 

Скопје – Здружението за социјални иновации „АРНО“ ќе претстави инфорации за натпреварот „Филантропија преку зелени идеи 2017“.  („Јавна соба“/12:00) 

Скопје – Компанијата Хуавеи Технолоџис организира патувачка изложба „Отворени патишта за подобро поврзан свет”  за промоција на иновативни cloud решенија. (Плоштад Филип Втори/8:30-18:00)

Скопје – Промоција на радио емисија и документарно видео за студентите по пијано на Факултетот за музичка уметност – Скопје. (ФМУ/13:30)

Битола – Премиера на театарската претстава „Дон Жуан“.  (Народен театар / 20:00)

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
loading...