Најави за настани – Македонија

342

Скопје – Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ќе се обрати на тркалезната маса „Можности и предизвици за вработување на социјално ранливи лица“ во организација на Црвениот крст на Република Македонија и Занаетчиската комора на град Скопје. (Црвен крст на РМ, бул.„Кочо Рацин“ бр.13/10:00, изјави за медиуми/9:45)

Скопје – Прес-конференција на генералниот директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Република Македонија, Цветко Грозданов. (АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор/11:30)

Скопје – Трибина „Какви промени кај данокот на добивка се потребни?“, во организација на Асоцијацијата на економски истражувачи и Центарот за даночна политика. (ЕУ Инфо центар/14:00)

loading...

Скопје – „Ден на финансиска едукација“, во организација на Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија. (Градски парк, Школка/11:00)

Скопје – Завршна свеченост по повод одбележувањето на Денот на Европа 2017 на која ќе биде доделена наградата Европски придонес за 2016 година. (Ресторан „Лира“/19:00)

Скопје – Конференција „Моделирање на иднината за заштита и управување со информациите“. (х. Буши Ресорт&Спа Скопје/9:30/ изјави за медиумите од 10:20 до 10:30 часот и од 11:50 до 12:20 часот)

Скопје – Конференција „Вклучени граѓани за одговорно и транспаретно Собрание“, во организација наГраѓанската асоцијација МОСТ. (Александар Палас/10:00)

Скопје – Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење организира настан за започнување проект „Социјално претприемништво за инклузија на Ромите“. (Еу инфо центар/11:00)

Скопје – Петти регионален конгрес на студенти по социјална работа во организација на Асоцијацијата на студенти по социјална работа (АССР). (Филозофски факултет/12:00)

Скопје – Трет христијански филозофски форум на тема „Poiesis“ во организација на Филозофското друштво на Македонија. (ЕУ Инфо Центар/19:00)

Скопје – Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски ќе ги додели дипломите на децата учесници и менторите воспитувачки кои учествуваа на Детскиот ликовен хепенинг-Пролетни видувања. (Зграда на детска библиотека „Другарче“, Кинотека на Македонија ул.„Никола Русински“ бр.1 нас.Карпош 3/11:00)

Скопје – Астрономскиот центар Орион организира курс за Црни дупки на кој ќе се одржат осум предавања од области што ги допираат екстремните појави на црните дупки. (Архитектонски факултет, амфитеатар/20:00)

Струмица – Перформативни сценски настапи на Рајан Галер (USA) и Ребека Ларкин (UK), во организација на Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“. (Сцена 112/20:00)

Скопје – Во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи книжевна средба „Седум навраќања кон темата Гане Тодоровски“. (ДПМ/12:00)

Скопје – Промоција на поетската книга „Метафизички сино“ од Филип Клетников. (Арт-кино „Фросина“/20:00)

Скопје – Промоција на книгата „Средба со Диоген“ од Христина Аслимоска. (Салон 19:19/19:19)

Скопје – Отворање изложба „Никола Мартиноски, почетоци 1919/1929“ во организација на НУ Национална галерија на Македонија. (Мала станица/20:00)

Скопје – Европско сениорско првенство во кајак-спуст во коорганизација на Општина Карпош и Кајакарската федерација на Македонија. (Стара градска плажа во Градски парк, предел од мостот „Обединети нации“)

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
loading...