Највисоката вештачка елка се наоѓа во Шри Ланка

467

Шри Ланка постави светски рекорд во поставување на највисоката вештачка елка, со висина од 57 метри, што е за два метра повисока од онаа во Кина. Но, Гинисовата книга на рекорди треба дополнително да го потврдат тоа.

Елката ќе биде украсена со 600.000 шарени сијалици, а ќе има и Дедо Мраз во висина од шест метри и санки од 12 метра.

Елката првично требало да биде висока 100 метри, но Католичката црква била против, затоа што сметале дека парите треба подобро да бидат искористени.

loading...