Највкусна ароматична пита со јаболки (посно)

700
Booking.com INT

Фино мирисно слатко задоволство …

Bitcoin Exchange CEX.IO

Потребно

  • 200 гр спелтино брашно
  • 50 гр кафеав шеќер
  • 3 лажици мед
  • 1 лажиче цимет
  • 1/2 лажиче прашок за пециво
  • 1 лажиче ѓумбир во прав
  • 150 гр маргарин (ако не ја правите посна употребете путер)
  • 1 см корен од ѓумбир, изрендан
  • 1/4 лажиче мелени каранфилчиња
  • 10 јаболки
  • 100 гр кафеав шеќер
  • 2 лажици сок од лимон
  • 1 лажица изрендана кора од лимон
  • 1 лажица спелтино брашно

Подготовка

  • Во еден сад ставете ги брашното, растопениот маргарин, 50 гр кафеав шеќер, циметот, мелените каранфилчиња, ѓумбирот и прашокот за пециво. Убаво измешајте и изрендајте го коренот од ѓумбир. Со раце замесете тесто, покријте го со пластична фолија и ставете го во фрижидер околу 30 минути.
  • Јаболките измијте ги убаво, излупете ги и исечете ги на осминки. Полијте ги со сок од лимон, изрендајте кора од лимон, додаде ги шеќерот и брашното и убаво измешајте.
  • Подготвената смеса сипете ја во тава која претходно сте ја премачкале со масло.
  • Над смесата со јаболки распоредете го тестото. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околку 1 час.
Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...