Најголема грешка која се прави при изгореници

1134

Преовладува мислењето дека врз изгорениците треба да се пушти студена вода за кожата да се излади и на тој начин да се спречи создавање пликови.

Сепак студијата објавена во едно списание кое се занимава со естетска хирургија покажува дека тоа не е точно.

Се покажало дека топлата вода го намалува оштетувањето на ткивото и помага при воспоставување нормална циркулација во повредените делови.

loading...

Имено, во текот на 24 часа од повредата кај идентични изгореници кои се третирани со топла вода повредите биле поповршински.

– Студената вода помага при намалување на чувството на болка бидејќи ја лади кожата и нервните завршетоци. Меѓутоа, по 20 минути се појавува болка бидејќи температурата на кожата била премногу ниска, изјави Рето Витстајн, пластичен хирург од Базел.

Веднаш по настанувањето на изгорениците треба да се пушти студена вода, но само на кратко, а потоа потопла за да се поттикне циркулацијата.

Препорачлива температура на водата е од 20 до 30 степени Целзиусови.

loading...