Најдобар животен стандард има Мелбурн, Манчестер и Стокхолм паднаа на листата поради тероризам

285

Економската разузнавачка единица објави листа која го покажува животниот стандард на светските градови. На прво место е Мелбурн, потоа Виена и Ванкувер, а на крај се градовите погодени со војна и сиромаштија.

Мелбурн веќе седум години по ред е на врвот на таа листа со 97,5 од 100 бодови. Се проценува стабилноста, здравствената заштита, културата, животната средина, образованието и инфраструктурата во 140 различни градови.

На второ место се наоѓа австрискиот град Виена со 97,4 бодови, додека Ванкувер со 97,3 е на трето место.

loading...

Рејкјавик од 50. дојде на 37. место, а се смета дека овој голем скок произлегува од растот на туризмот, како и зголемените инвестиции во развојот.

Амстердам, кој забележа пад на стапката на криминалот во последните години, исто така напредуваше, поместувајќи се до 18 место.

Манчестер и Стокхолм паднаа на ранг листата поради терористичките напади. Манчестер падна од 43 на 51 место, додека Стокхолм моментално е на 26 место.

Меѓутоа, на глобално ниво вкупниот резултат е позитивен, бидејќи во 12 градови е подобрен животниот стандард, а само шест забележале пад.

„Иако подобрувањето е маргинално, одразува исчекор за глобалниот животен стандард кој бил оптоварен со растот на нестабилноста во последната деценија” – рече директорот на истражувањето Џон Копстејк.

„Многу предизвици со кои се соочуваат градовите во светот не исчезнаа, терористичките напади продолжуваат, а геополитиката и понатаму создава меѓународна неизвесност. Можеби дојде до пресвртница, но животните стандарди остануваат ниски во однос на историските стандарди” – додаде Копстејк.

Сосема очекувано, на дното на листата се градовите погодени од војна, сиромаштија и политички немири.

Дамаск е на самото дно на скалата со 30,2 бода, додека Лагос во Нигерија и Триполи во Либија се малку подобри со 36 т.е. 36,6 бода.
Ова е листата на 10 градови со најдобар животен стандард:

1. Mелбурн, Австралија
2. Виена, Австрија
3. Ванкувер, Канада
4. Tоронто, Канада
5. Калгари, Канада
5. Aделаида, Австралија
7. Перт, Австралија
8. Оукланд, Нов Зеланд
9. Хелсинки, Финска
10. Хамбург, Германија

loading...