Најдобра реклама во светот, а чини нула долари

443

Замислете го спектаклот во кој целиот свет го гледа логото на вашата компанија како лебди во Галаксијата. Да ја има убедливо најдобрата реклама му појде од рака на милијардерот од Цилициумската долина Илон Маск.

Тој го испрати својот автомобил Тесла Роудстер со боја на вишна и тоа беше една од главните вести во сите медиуми. Токму тој Тесла Роудстер е познат по уште нешто – за негова промоција не е потрошен ниту еден долар.

Маск објави фотогарфија на која се гледа дека во внатрешноста се наоѓа неговиот Тесла, додека на местото на возачот е поставена кукла во вселенско одело. Кај воланот пишува „Без паника“, што е алузија на познатиот „Автостоперски водич низ Галаксијата“ на Даглас Адамс, додека на еден од деловите во внатрешноста на автомобилот пишува „направено од луѓето на земјата“.

Се прашувате, колку по ѓаволите, сето тоа чинело?

Верувале или не, официјално цели 0 (со букви нула) долари. Секако ако не ги сметаме десетиците милиони долари вложени во лансирањето на ракетата „Фалкон Хеви“.

Да почнеме по ред, сигурно сте чуле за споменатата компанија Тесла Моторс, произведувач на електрични автомобили. Или за Спејс Екс, компанија која планира евтино да испража луѓе на Марс и успешно да ги намалува трошоците за летови во Вселената преку враќање на погонските ракети на земјата. Сте чуле и  за Пеј Пал.

Врската меѓу овие врвни компании е човекот Илон Маск, а спомнатите компании денес се таму каде што се (меѓу најдобрите во светот) и покрај минималниот маркетиншки буџет.

Официјално, Тесла годишно на маркетинг не троши ништо.

Па како Илон можел да создаде повеќе познати компании без реклама? Тајната е:Стратешка употреба на социјални медиуми и производство на неверојатни производи.

Еве на прамер новиот Тесла Роудстер (не овој што заврши во Вселената) – без каков било маректинг околу овој производ е јасно дека е еден од најзначајните автомобили годинава.

Прво, лансиран е на фантастичен начин. Тесла одржуваше закажан прес-настан за својот камион, а кога заврши претставата за него, на сцената стапи новиот Роудстер. Тука некаде се крие филозофијата за маркетинг на Илон: Наместо да потрошите многу пари на пазарот, само бидете креативни и направете одлични производи кои сами ќе се докажуваат. Останатото препуштете го на луѓето.

Има уште многу вакви примери, но ќе го наведеме оној кога за неговата The Boring Company (компанија која треба да копа тунели со што би се растовариле светските метрополи) исфрли качкети. Капата на која пишува „The Boring Company“ воедно е и прв таков производ. Маск никогаш претходно не лансирал предмет за облекување. Сепак, капата која се продава по 20 долари за само два дена е продадена во 6.400 примероци. А стануваше збор за промотивен материјал за компанијата чија примерна дејност е копање. Следеше и познатиот фрлач на оган.

Илон, на тој начин јасно стави до знаење дека за постигнување на супер познато и успешно работење не треба маркетинг од милион долари, туку добар производ и паметно користење на социјалните мрежи.

Инаку Маск во следните десет години ќе остане на чело на компанијата Тесла без плата и бонус. Меѓутоа, ако на крајот на тој период автомобилскиот произведувач оствари голем напредок и тој ќе добие огромен финансиски пакет.

На крајот ако се прашувате како неговиот личен автомобил завршил во Вселената, тој тоа едноставно го објасни кон крајот на годината на Инстаграм.

Тестирањето ракета како што е Фалком Кеви, која може да се пофали дека во моментот е најсилна на планетата, подразбира товар во леталото. Научниците обично користат бетонски плочи или челик, но Маск вели дека тоа е здодевно.

– Новите ракети вообичаено имаат симулација на маса преку челични или бетонски блокови. Тоа изгледаше екстремно здодевно. Секако, се што е здодевно е ужасно, посебно кога се во прашање компании, па затоа одлучивме во вселената да испратиме нешто необично, нешто што вистински го чувствуваме. Товарот ќе биде оригинален Тесла Роудстер кој ќе ја свири Space Oddity за време на орбитатата околу Марс во траење од милијарда години, наведе Маск.

Б92 – Белград/МИА

loading...