Најдобриот ден за секс и љубов во 2017 година е…

603
Најдобриот ден за секс и љубов во 2017 година е...

Hinge, апликацијата за пронаоѓање на партнер, пресметала кој е најдобриот ден за секс со новиот партнер во 2017 година.

Оваа апликација предвидува дека тоа ќе биде баш на 1 јануари!

Само тој ден, велат тие, ќе има многу нови корисници на таа апликација, но, исто така, и оние кои тогаш ќе одат на првото “рандеву”.

Зошто? Затоа што луѓето тогаш се релаксирани, сѐ ште ги држи добро празнично расположение, а оние на кои новата љубов е меѓу целите за следната година, не сакаат да чекаат.

Инаку, тоа не е ништо ново. Од 2012 година, 1 Јануари е најдобриот ден за нов љубовен почеток, покажува оваа апликација, која на 1 јануари 2016 година имала дури 35 % повеќе посетители од другите денови од годината.

Исто така, на 1 јануари 2015 година биле разменети 64 % повеќе телефонски броеви!

Значи, подгответе се – немате многу време.