Најдобрите Моменти од Мојот Живот

1807
Booking.com INT

Кога ги преживуваме овие моменти, дури тогаш сфаќаме што е вистинска среќа.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Во два часот наутро слушам ситни чекори на мали нозе: ќеркичката влегла во мојата соба. Лежам мирно и едвај дишам. Можеби ќе се врати во својот кревет и нема да ме разбуди, поспана и уморна ..

– Мамо, мамичке – повикува со малку засипнат, туку што разбуден глас.

– Молам … Што се случило … – едвај можам да одговорам, не сокривајќи го разочарувањето.

Таа застанува, нејзините очиња сјаат при слаба светлина.

– Мамо … Јас те сакам …

– И јас тебе душо. Уште повеќе!

Таа легна покрај мене, и веднаш заспа.

Нејзините зборови и понатаму лебдат во ладниот ноќен воздух. Кога само би можела да ги допрам и да ги дофатам, би ги фатила овие зборови и би ги доближила до градите …

Во воздухот сѐ уште трепери нејзиниот нежен глас, кој ги шепоти најдобрите зборови на светот: Те сакам. Насмевката ги допира моите усни и издишувам полека, плашејќи се дека спомените ќе исчезнат.

Еден ден ова мало девојче ќе стане жена, … а синчето маж … Еден ден ќе можам да се истуширам во мир …

Еден ден ќе можам опуштено да испијам кафе и конечно да ја прочитам својата омилена книга до крај… Еден ден ќе можам да излезам сама од дома, без грижа дека некој ме очекува.

Но, денес, им се предавам сосем, цела!

Уморна сум, понекогаш ми исчезнува силата … но, знам дека ТОЛКУ ме сакаат, и дека сум им ТОЛКУ потребна. И верувајте ми, ова се Најдобрите Моменти од Мојот Живот.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...