Најдобри извори на витамин Б5

1055

Пантотенска киселина или витамин Б5 е еден од витамините на Б-комплекс. 

Овој витамин е неопходен за нормален раст и развој на телото, производство на црвени и бели крвни зрнца, развој на нервниот систем и правилно функционирање на надбубрежната жлезда.

Важен е за здравјето на дигестивниот тракт, како и за искористувањето на останатите витамини во организмот, особено на витаминот Б2 (рибофлавин).

loading...

Исто така, истражувањата покажаа дека пантотенска киселина ја подобрува хидратантноста на кожата и го забрзува зараснувањето на раните.

Препорачаната дневна доза на витамин Б5 изнесува пет до 10 милиграми.

Недостатокот на овој витамин е релативно редок бидејќи тој се наоѓа скоро во сите намирници, макар и во мала количина.

Со витамин Б5 изобилуваат печурките, авокадото, брокулата, кељот, зелката, јајцата, кашкавалот, морската риба, свинското, пилешкото и телешкото месо, јаткастите плодови, пивскиот квасец и интегралните житарки.

Најдобар извор на витамин Б5

Топ 10 храна богата со витамин Б5

1) Пилешки црн дроб
3 мл: 8.3 мг (83% DV)

2) Семе од сончоглед
1 мл: 1.98 мг (20% DV)

3) Лосос
3 мл: 1,9 мг (20% DV)

4) Авокадо
1 овошје: 2 мг (20% DV)

5) Домати сушени на сонце 
1 чаша: 1.1 мг (10% DV)

6) Пченка
1 чаша: 1.18 мг (12% DV)

7) Брокула
1 чаша: 0.52 мг (5% DV)

8) Печурки
1 чаша: 1.3 мг (13% DV)

9) Карфиол
1 чаша: 0,71 мг (7% DV)

10) Јогурт
1 чаша: 1,45 мг (14% DV)

Обидете се да консумираат 2-3 порции дневно од оваа храна богата со витамин Б5.

loading...