Најдобри љубовници | Австралијците, Јужноафриканците и Американците

429

Резултатгите од анкета спроведена од една интернационална интернет страница за познанства, со која биле опфатени 22.753 испитаници, покажуваат дека  Австралијците, Јужноафриканците и Американците, сите со оценка 8 од 10, се најдобро рангирани љубовџии во светски рамки.

Како најдобри љубовџики пак, исто така со осумка, се оценети Канаѓанките, Французинките, Италијанките и Американките.

Во анкетата учествувале само хетеросексуалци. Тие требало да ја оценат последната личност со која воделе љубов, со оценка од нула до 10, но и да наведат од која земја е дотичното лице.

loading...

Во машка категорија, при врвот на листата се и Канаѓаните, Французите, Германците, Индијците, Италијанците и Шпанците, со оценка 7. Оценка подолу добиле Британците, а Новозеланѓаните поминале со „четворка“, наведува „Индепендент“.

Во женска категорија пак, „седумката“ оди кај дамите од Јужна Африка, Германија, Индија и Велика Британија, а како малку полоши љубовнички се покажале Австралијките, Новозеланѓанките и Шпанките.

loading...