Најкратко правило за живот | Од таткото доби само еден единствен совет! (Поучна приказна)

560
Booking.com INT

Момчето застанало изненадено и не му било јасно што се случува. Тогаш татко му му објаснил.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Убава и поучна приказна за животот која ќе ви го промени погледот на светот!

Еден летен и сончев ден таткото со својот син шетал низ шумата. Одеднаш момчето се сопнало од еден камен и стенкајќи извикало: “Аххх!”

Во истиот момент слушнал глас кој доаѓал од планината: “Аххх!”

Збунет, тој со страв прашал: “Кој си ти?”

Но, одговорот што го добил е: “Кој си ти?”

Ова малку го налутило, па потоа извикало: “Кукавицо!”

Истиот глас му одговорил: “Кукавицо!”

Момчето збунето го погледнало таткото и прашало: “Тато, што се случува?”

“Сине”, рече таткото, “обрни внимание”.

А потоа таткото извикал: “Јас ти се восхитувам!”

Се слушнал глас кој одговорил: “Јас ти се восхитувам!”

Таткото повторно извикал: “Прекрасен си!”

Гласот возвратил: “Прекрасен си!”

Момчето стоело изненадено и сѐ уште не разбрало што е тоа што се случува.

Тогаш татко му му објаснил: “Луѓето ова го нарекуваат “ехо”. Но, тоа е, всушност, “животот”. Животот – секогаш ти враќа она што ќе му дадеш. Животот е огледало на сите твои дела.”

Ако сакаш да имаш повеќе љубов, тогаш ќе мора да дадеш повеќе љубов. Ако сакаш да имаш повеќе добрина, тогаш сам подари си повеќе добрина. Сакаш ли да имаш разбирање и почит, тогаш ќе мора повеќе да разбираш и почитуваш. Ако сакаш луѓето да бидат трпеливи со тебе и да те почитуваат, тогаш и ти биди трпелив со луѓето и почитувај ги повеќе.

Ова правило важи за секој аспект од животот. Живот секогаш ти враќа, она што ти ќе му дадеш.

Текот, квалитетот и смислата на твојот живот не е случајност, животот е секогаш огледало на твоите дела!

СПОДЕЛЕТЕ СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ!

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...