Најмалку 20 загинати и 100 повредени во нападот во Лас Вегас | Видео

810

Најмалку 20 луѓе загинаа во нападот во Лас Вегас за време на музички фестивал, соопшти полицијата.

– Повеќе од 20 лица се убиени и над 100 се повредени, изјави шерифот на Лас Вегас Џозеф Ломбардо.

Тој потврди дека напаѓачот е застрелан, но полицијата трага по неговата соучесничка Марли Данли. Напаѓачот е локален жител, а мотивите за нападот засега се непознати.

Ломбардо уште рече дека во нападот не бил користен експлозив, туку полицијата се послужила со контролирана експлозија за да стаса до напаѓачот.

Шерифот не сакаше да го соопшти името на напаѓачот, но потврди дека пукал од 32.кат од хотелот Менделеј Беј.

loading...