Најмоќните воспитни пораки

2459
Booking.com INT

Правилата на успешната комуникација е еден од најголемите испити во „сударот“ со децата. Тие се ранливи, не познаваат многу аспекти од комуникацијата, кои за возрасните се подразбираат.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Следуваат пораки, кои секогаш можат да бидат од помош, кога ќе се јават проблеми во комуникацијата со децата:

1. Изразете чувства, не е тешко да се каже „те сакам“. Иако вашите деца сигирно знаат и чувствуваат дека се сакани, не се стегајте да им го кажате тоа.

2. „Те сакам, но…“. Ако сакате да му го свртите вниманието на детето кажете му некоја позитивна порака, па потоа тоа за кое сакате да ве послуша. На пример: „Те сакам и секогаш ќе те сакам, но сакам да знаеш дека ова што го стори е грдо“. Целта на ваквите пораки е детето да сфати дека критикувајќи го неговото однсување не значи дека го критикувате него како личност.

3. Признајте ја грешката, никој не е совршен. Иако вашето дете вам најмногу ви верува, немојте ниту поради себе, ниту поради неговите идни грешки да му давате слика дека сте совршени и безгрешни. Признајте дека сте згрешиле и разговарајте за тоа и тоа ќе може полесно да ги прифати и проанализира своите грешки.

4. Пегратка – Можете да зборувате што сакате, ако телото ве издава, невербалните пораки, гестовите на лицето, ставот, издаваат повеќе отколку што мислите. Застанете понекогаш и ако детето има напад на бес на пример, наместо лекции, многу подобро е понекогаш само силно да го прегрнете.

5. Пуштете ги да ги изразат чувствата. Без разлика што детското плачење или лутење ви пречи, сфатете дека и децата имаат подеднакво право да ги изразуваат своите чувства.

6. Молба наместо наредба. „Собери ги играчките, само растураш, ништо не прави“, често пати ни излетува во афект и тоа со наредбодавен тон и очекувате од децата самите да го средат хаосот, кој го направиле. Но децата многу подобро ќе реагираат ако од нив барате помош и ги замолите да ги соберат играчките или да сторат нешто друго.

7. Признајте кога не што не знаете. Иако во очите на детето сте многу паметни, знаете се и сте му главен пример, признајте му на детето дека понекогаш едноставно немате одговор. Појаснете му дека вие не сте отсекогаш родители и дека и вие понекогаш сте ограничени и дека како што тоа расте и вие растете како родител.

8. Да тука сум за тебе! Механичкото одговарање на детето додека правите нешто друго сигурно не е начинот на кој тоа го замислува времето со вас. Некогаш е потребно се да оставите и да му се посветите на детето во неговата игра, во разговор или нешто сосема трето.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...