Најскапото кафе е од измет на слон

3512
Booking.com INT

Во планините на северен Тајланд, стадо од 20 слонови му помагаат на локалното население да направат едно од најскапите кафиња во светот.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Новиот егзотичен пијалок направен е од специјални зрна кафе кои слоновите ги јадат, а еден ден подоцна ги собираат од нивниот измет.

Ова не е само еден од најнеобичните начина на правење кафе, туку ова е едно од најскапите кафиња во светот, бидејќи килограм чини 1100$.

За сега, само богатите имаат привилегија да го пробаат ова кафе наречено “Слоново црно кафе”, кое се приготвува на уникатен начин. Ова кафе почнале да го служат минатиот месец, но само во неколку луксузни хотели во оддалечените области на светот – првo во северниот дел на Тајланд, па на Малдиви, а сега се служи и во Абу Даби по цена од 50$ по чаша.

Репортерите на АП дојдоа до местото каде што одгледува ова кафе, познато како Златен Триаголник, да ги видат слоновите на леце место и да го пробаат кафето од специјални чаши.

“Кога слонот го јаде кафето неговиот стомак го разложува протеинот кој се наоѓа во кафето, што е клучен фактор во горчливоста” рече Блејк Dinkin, кој потрошил 300.000$ во развиток на производство на ова кафе.

“Крајниот производ е шолја многу фино кафе без горчливост”.

Тој објасни дека слонот е “бавен готвач” и дека му треба 15 до 30 часа за да ги свари зрната кафе, кои измешани со банани, шеќерна трска и други состојки во посебна исхрана на слонот, добива уникатен сочен и овошен вкус.

“Мојата теорија се базира на фактот дека природната ферментација се одвива во стомакот на слонот”, рече 42-годишниот канаѓанец. “Оваа ферментација произведува вкусови кои нема да ги добиете кај другите видови на кафе”.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...