Најстаро живо суштество на Земјата

197
Pinus Longaeva

Некои инсекти живеат едвај 24 часа, долговечни домашни кучиња можат да живеат и подолго од 20 години, најстарите луѓе според Гинисовата книга на рекорди наджвиале и 115 години додека желката по име Џонатан од Индија наводно живееле 255 години пред да угине во 2006 година.

Сите овие бројки бледеат во споредба со најстарите живи организми на Земјата кои научниците ги собраа на т.н. „листа на староста“. Очекувано, доминираат дрвата, чии години научниците ги измериле со помош на ултратенки дупчалки со кои допреле до јадрото и ги преброиле годовите.

На списокот на најстари лидер е борот Pinus Longaev, кој се наоѓа на Белите Планини во Калифорнија. Ова стебло има веќе 5.067 години, што значи дека живеело веќе неколку векови во време кога древните Египќани граделе пирамиди, а воедно и ги надживеа сите значајни царства на античкото време.

loading...

На второ место е дрво од истиот вид, наречено Метузалем, кое има 4.850 години, а за кое долго време се мислело дека е најстаро на Земјата. Пред некоглку години се исуши третото дрво на листата, исто така Pinus Longaev наречено Прометеј чија старост била 4.844 година.

Но, од друга страна, смреката наречена „Стариот Чичко“ во шведската провинција Даран е стара дури 9.558 години, што значи дека изникнала практично на крајот на Леденото доба.

Сепак, тука не станува за збор за едно стебло кое непрекинато постои, туку за дрво кое се регенерира во книтинуитет и кое со своите „претци“ дели идентичен генетски состав. Станува збор за своевидна колонија на клонови каде секој одделен клон живее само еден дел од животниот век на целата колонија.

loading...