Најстудено и најмирно место на светот | Само за храбри / Видео (документарен филм)

1266
Најстудено и најмирно место на светот
Booking.com INT

Антарктикот е најстуденото, најмирното и веројатно најволшебното место на Земјата. За некои патувањето на овој ненаселен континент е тежок потфат, додека за некои е мошне лесна авантура.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Три дена со брод и средба со бранови високи и до десет метри, екстремно ниски температури, кои можат да ви ги замрзнат дури и трепките, само се некои од условите со кои туристите се соочуваат на патот до ова место. Патувањето на Антарктикот не е евтино и не е за оние со слабо срце.

Kingdom of Ice: Antarctica from Squiver on Vimeo.

Antartica2-001Турист, кој штотуку се вратил од патувањето вели дека минал 12 дена патувајќи околу Антарктикот и тоа го чинело 6.825 фунти, вклучувајќи ги и меѓународните внатрешни летови.

– Моето патување почна во Лондон, потоа преку Амстердам, потоа Буенос Аирес, а конечно слетавме во Ушуаја,најјужниот град на светот. Патував целосно свесен дека 80 отсто од патот ќе го доживеам на брод, затоа не сакав да се социјализирам. Просечната старост на патниците на бродот беше 50 години, изјави туристот.

Бродот е дизајниран така што столиците и креветите се прицврстени со ланци, со цел да не завршат на под, секој пат кога бродот ќе се најде под агол од 90 степени. Инаку просечната годишна температура во внатрешноста на копното тука изнесува минус 55 степени Целзиусови.

Просечната месечна температура се движи во зависност од должината на денот. На подрачјето источно од антарктичкиот гребен на 10 август 2010 година е измерена температура од минус 93,2 степени, што досега е најниска температура во природата на Земјата.

Околу 98 отсто од површината е покриена со покривач од мраз со просечна дебелина од околу две илјади метри. Количината на мразот на Антарктикот е околу 90 отсто од вкупната количина мраз на Земјата.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...