Најтоплото место на светот, вистински предизвик за туристите

452

Долината на смртта, пустина во источна Калифорнија, е едно од најтоплите места на планетата.

И додека тамошните жители на 51 степен ги спуштаат ролетните и ги пуштаат климите, многу од нив на ова место гледаат како на туристичка атракција.

– На Земјата има многу малку места каде температурата е над 50 степени, а Долината на смртта е една од нив, истакна метеорологот Џон Адеар од Националниот метеролошки центар на САД.

loading...

– Кога е температурата повисока, имаме повеќе туристи, изјави Мајк Орозо, која работи во блискиот комплекс апартмани.

Тој додава дека локалното население во шега летото го нарекува „европска сезона”, кога туристите од Германија, Франција и Шведска ќе дојдат во Долината на смртта за да го осетат најтоплото место.

– Некои луѓе ова место го доживуваат како страдање, дури се еуфорични, вели фотографот Ед Керон. – Додека бев помлад, доаѓав тука да се тестирам со многу мала резерва на храна, додава тој.

Температурата речиси на целата внатрешност на Калифорнија го надминува просекот. Аеродромите во Лос Анџелес и Лас Вегас исто така бележат неверојатно високи температури, 42 и 47 степени. Во Лас Вегас секоја година се организира тродневен музички фестивал на кој луѓето обично дехидрираат, па водата бесплатно се дели. Фестивалот во изминатите неколку години привлекол 130.000 луѓе.

Дури и тамошните жители тешко се намалуваат високите температури. И тогаш кога мислат дека не се жедни пијат вода за да не дехидрираат.

loading...