Најубави цимет ролнички со јаболки

1310

Цимет и јаболки во тесто се идеална комбинација …

Потребно

  • 20 гр свеж или 7 гр сув квасец
  • 250 мл топла вода
  • 50 гр шеќер
  • 80 мл масло
  • 1 јајце
  • 1/2 лажиче сол
  • 525 гр брашно
  • 100 гр путер
  • 165 гр кафеав шеќер
  • 1 лажица цимет во прав
  • 50 гр ореви
  • 2 средни јаболки
  • 100 гр шеќер во прав
  • 2,5 лажици млеко
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица екстракт од ванила

Подготовка

  • Во подлабок сад ставете го квасецот, топлата вода, шеќерот и маслото и убаво измешајте. Оставете го на топло место за да стаса квасецот, околу 5 минути.
  • Во стасаниот кавасец додадете ги солта, малку изматеното јајце и брашното. Замесете тесто. Потоа ставете го на набрашнета работна површина и убаво измесете го тестото. Формирајте го како топка, покријте го со крпа и оставете го на топло место околу 30 минути за да нарасне.
  • За тоа време во еден помал сад измешајте ги кафеавиот шеќер и циметот. Оревите ситно исецкајте ги.
  • Нараснатото тесто ставете го на набрашнета работна површина и развлечете го со сукало со дебелина околу 5-6 см. Тестото премачкајте го со половина од растопениот путер.

  • Потоа посипете од мешавината на цимет и шеќер.
  • Исчистете ги јаболките и крупно изрендајте ги. Распоредете ги на тестото. на крај посипете со сецканите ореви.

  • Тестото замотајте го во ролат и со остар нож исечете го на 15 парчиња (види слика).

  • Огноотпорна правоаголна тава (22х33 см) премачкајте ја со путер.
  • Исто со путер премачкајте го секое парче од страните и одозгора и наредете ги во тавата, по пет во секој ред, а вкупно 3 реда. Тавата покријте ја со пластична фолија и оставете ги да стојат околу 30 минути на топло место.

  • Ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 20-25 минути или додека малку не поруменат.

  • Додека се печат направете го преливот. Измешајте ги шеќерот во прав, млекото, екстрактот од ванила и путерот во глатка смеса. Оваа смеса прелијте ја на врелите ролнички.
loading...