Најубави цитати за мајките

290

Без оглед на возраста и ситуациите, на мајката секогаш покажете и љубов и почитување.

Повод на мајката да покажете благодарност и љубов има секој ден и на секој чекор.

Поради тоа, убаво е да прочитате некои од najubavite цитати, затоа што никогаш не се знае кога може да ви треба:

  • Мајката е личност која кога ќе види дека останале само четири парчиња пита за петмина луѓе, вели дека никогаш не сакала пита, Тенева Џордан.
loading...

– Да се биде мајка цело работно време е еден од најдобрите платени работи. Земајќи предид дека платата е чиста љубов, Милдред Б. Вермонт.

  • Мајките рацете на своите деца ги држат кратко, но нивните срца засекогаш, непознат автор.

– Мајките се раѓаат во истиот момент кога и децата. Таа пред тоа не постоела. Жената постоела, но мајката не. Мајката е нешто целосно ново, Рајниш.

  • Сите мајки се вработени мајки, непознат автор.

– Мајките никогаш не се сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да размислува два пати, еднаш за себе и еднаш за своето дете, Софија Лорен.

  • Мајката го разбира она што детето не го кажува, непознат автор.

– Мажот својата девојка ја сака најмногу, својата сопруга, најдобро, а својата мајка најдолго, ирска изрека.

  • Пред да се оженам имав само шест теории за воспитување деца. Сега имам шест деца и ниту една теорија, Џон Вилмот.

– Луѓето се онакви какви ќе ги направи нивната мајка, Ралф Валдо Емерсон.

  • Од сите права кои жените ги имаат, најубаво е што можат да бидат мајки, Лин Јутанг.

– Ако се во овој нечист свет е несигурно, мајчината љубов не е, Џејмс Џојс.

  • Сите жени стануваат како нивните мајки. Тоа е нивната трагедија. Ниту еден маж не станува како својата мајка. Тоа е нивната трагедија, Оскар Вајлд.

– Господ неможе да биде насекаде, па затоа ги создал мајките, еврејска поговорка.

  • Мајката е банка во која ги вложуваме сите свои грижи и маки, Т. Девит Ламаж.

– На светот постои само едно убаво дете и секоја мајка го има, кинеска поговорка.

  • Ниту еден подарок на мајката никогаш нема да и биде доволно добар како нејзинот подарок за тебе – животот, непознат автор.

– Мајчиното срце е длабока бездна на чие дно секогаш се наоѓа место за простување, Оноре де Балзак.

loading...