Најчести проблеми предизвикани од Фејсбук | Караници, раскинувања, разводи …

873

Ова се најчестите проблеми кои се случуваат поради оваа социјална мрежа.

Некогаш сè ова било многу поедноставно, денес просечна двојка може да се расправа со денови само заради Фејсбук.

Ова се најчестите проблеми кои се случуваат поради оваа социјална мрежа.

Расправија поради премногу време поминато на Фејсбук

Или ти премногу си се обесила на Фејсбук, или твоето момче, а факт е дека ова е најчестата причина за кавга. Поради Фејсбук, понекогаш се чини дека сте во љубовен триаголник.

Споделување приватни работи со сите

Понекогаш се случува двата лика подеднакво да се нарцисоидни и опседнати со делење на настаните на социјалните мрежи, но многу почест е случајот во кој само еден е таков, а на другиот не му се допаѓа да го споделува секој момент со сите. Тука доаѓа и до караници, се разбира.

Лош секс

Истражувањата покажуваат дека се повеќе и повеќе млади луѓе се склони кон проверка на социјалните мрежи за време на сексот. Не мора да објаснуваме зошто тоа е лошо, нели?

Љубомора

Еден лајк или коментар кој ништо не значи може да предизвика голема караница, а за пораките во инбокс и да не зборуваме. Љубомората поради интеракцијата на Фејсбук станува сѐ почеста, и често предизвикува раскинувања и разводи.

Фотографиите се темпирани бомби

Фотографии со поранешна љубов се еден проблем, а фотките на кои некој нѐ означува, се темпирана бомба. Безопасна интеракција со некој на сликата може да се протолкува сосема поинаку, особено ако се земе во предвид притисокот на другите, нпр. како пријателите на твоето момче кои ќе му испратат слика на која си со некој и ќе бара објаснување.

loading...