На болен од рак му кажале дека има уште 18 месеци, новиот лек ја уби болеста | Видео

8172

Радиотерапијата и хемотерапијата не му биле од корист, па Бери одлучил да се подложи на лек кој сѐ уште е во фаза на клиничко тестирање.

Боб Бери, шеесетгодишник од Стокпорт, пред неколку дена дознал извонредна вест – дека неговото тело е потполно ослободено од клетките на ракот. Подобро не можеше да биде, бидејќи зборуваме за човек на кој лекарите пред три години, му кажале дека му останале само 18 месеци од животот.

Бери за тоа може да му се заблагодари на експерименталниот лек кој сѐ уште е во фаза на клиничките испитувања, а на кој заедно со имунотерапијата е подложен во манчестерскиот институт The Christie.

Боб Бери со Д-р Метју Кребс
loading...

“Пред околу три години почнав да чувствувам силна болка во рамото. Констатирано е дека болките се последица од канцерогените тумори на белите дробови, кој биле веднаш хируршки отстранети. За жал, понатамошните тестови покажале дека ракот се проширил на лимфните јазли, а со оглед на фактот дека моето тело не одговарало соодветно на радиотерапијата и хемотерапијата, ми беше кажано дека ми остануваат уште 18 месеци од животот”, раскажа Бери, кој од очај поради црната прогноза одлучил да се подложи на експериментално клиничко испитување.

Денес е благодарен за укажаната можност, а со неговиот одговор на лекот кој сѐ уште нема име, многу е задоволен и др Matthew Krebs.

Боб Бери со внуките

“Од туморот нема ниту трага. Јасно, сега треба да продолжиме внимателно да ги следиме случувањата во неговото тело. Многу повеќе работа е пред нас, пред да дојдеме до заклучок како лекот може да им помогне на пациентите како што е Боб. Всушност, ракот е комплексна болест и не реагираат сите луѓе еднакво добро на еднаква терапија”, беше внимателен Krebs, чии колеги од Cristie во моментов вршат околу шестотини различни испитувања.

manchestereveningnews.co.uk

loading...