На „Гугл“ зборот „Брегзит“ повеќе пребаруван од „порно“ и „фудбал“

626

Зборот „Брегзит„ овие денови во Британија стана најчест збор во пребарувањата на Гугл, а првпат се случи зборот „порно“ да се најде на второ место, јави британски „Индепендент“.

Како што наведува списанието, Гугл стана „најголем советник“ бидејќи голем број Британци преку ова пребарување барале информации на прашањето „Што ќе се случи кога ќе излеземе од ЕУ“.

Иако интернет експертите, според сите досегашни искуства, тврдат дека е невозможно да се надмине бројот на пребарувања за зборот „порно“, за време и по кампањата и референдумот, зборот „Брегзит“ се искачи на прво место, а после овие два збора следи „фудбал“, кој и покрај тоа што се наоѓа во средината на Европското првенство падна на третото место.

Еден ден по одржувањето на референдумот во Британија, како што наведува списанието, зборот „порно“ доживеал најголем пад по бројот на пребарувања на Анличани.

За споредба, Индпендент наведува дека порно снимката на американската рејалити ѕвезда Ким Кардашијан објавена во 2014 година, тогаш беше барана на интернет шест отсто помалку во однос на сега „Брегзит“.

loading...