На девојките и дечките од Beatrix Crew им е потребна вашата помош

757

Да им помогнеме на Beatrix Crew да одат на Светско!

Тимот на Beatrix Crew деновиве ја започнa својата триесетдневна мисија во која тие би биле пресреќни кога би се вклучиле и вие.

Со цел да го остварат својот сон и да бидат дел од ESDU Светското првенство во модерни танци 2017, кое од 22-28 мај се одржува во Пореч, Хрватска, тие го лансираа нивниот “Generosity” проект.

Пред 2 години тимот на Beatrix Crew беше вицешампион, а оваа, со ваша помош, тие се надеваат дека ќе го остварат својот сон, ќе отпатуваат за Пореч и таму ќе заседнат на светскиот трон!

Би би биле благодарни доколку го споделите овој пост за да ни помогнете во нашиот пат кон Месечината! И запомнете, доколку се качиме на неа, Ве сакаме и Вас до нас!

Сите детали како и можноста да бидете дел од “GENEROSITY” проектот на Beatrix Crew ги имате на следниов линк.

Споделете со вашите пријатели … !!!

loading...