На децата за имунитет им се потребни бактерии, а не антибиотици

4205
Booking.com INT

Фактот дека денес имаме повеќе алергии, дебелина и воспалитени болести на цревата, дури и аутизам, токму тоа е резултат на претерана хигиена.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Да, важно е да ги миете рацете. Во текот на сезоната на грип уште е поважно. Но, денес навистина претеруваме, предупредуваат научниците.

Уништувањето на бактериите на рацете со антибактериски сапуни и прекумерна употреба на антибиотици имаат многу штетни ефекти врз имунолошкиот систем на нашите деца, вели микробиологот Мари-Клер Аријета, ко-автор на книгата “Нека јадат земја: Како да се сочуваат децата во премногу чист свет” (Let Them Eat Dirt: Saving Our Children from an Oversanitized World).

Зошто премногу хигиена го загрозува здравјето на децата?

Поради тоа што придонесува за развој на хронични заболувања, од алергии до дебелина, вели Ариел и нејзиниот ко-автор, микробиолог Брет Финли од Универзитетот во Калгари.

“Новите истражувања покажуваат дека заедницата на микробите во нашите црева, која се формира во раното детство го одредува нашето здравје во текот на животот”, вели Аријета. “Кога се раѓаме, немаме микроорганизми и нашиот имунолошки систем е недоволно развиен. Имунитетот започнува да се развива тогаш кога ќе се појават микроорганизмите кои го будат. Без нив, не би можеле да се бориме против инфекции”.

Микробите се толку важни и затоа што создаваат молекули и супстанции кои се во интеракција со клетките на цревниот ѕид, но и со клетките на имунолошкиот систем кои се наоѓаат на другата страна на ѕидот на ќелијата и речиси ги тренираат. Значи нашиот имунитет добива информации со помош на кој учи. Потоа, обучените клетки на имунолошкиот систем одат во други делови на телото.

“Фактот дека денес имаме повеќе алергии, дебелина и воспалителни болести на цревата, па дури и аутизам, е резултат на прекумерната хигиена. Гените се важни, но гените не се менуваат толку брзо. Истражувањата постојано покажуваат дека намаленото изложување на микроорганизмите во раното детство е причина за оваа болест”, вели Ариел.

Како родителите треба да се однесуваат имунитетот на детето да се развие правилно?

Експертите препорачуваат да купат куче и да не исчистат сè што бебето става во уста. Ризикот од развој на астма, на пример, е намален кога родителите бебешката цуцла ја чистат во својата уста. Миењето раце треба да биде навика која се практикува пред јадење и по одење во тоалетот. Но не и по играње во дворот – отстранувањето на земјата од детските раце нема да им го сочува, туку е закана на здравјето, предупредува д-р Аријета.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...