На жените во Саудиска Арабија ќе им биде дозволен влез на стадионите

624

Жените во Саудиска Арабија од оваа недела ќе можат да седат на трибините на фудбалски натпревари во три градови во кралството.

Имено, на 12 јануари стапува во сила декретот усвоен лани во октомври, со кој се укинува забраната за жените да присуствуваат на фудбалските стадиони како гледачи. За нив ќе бидат отворени и посебни оддели, пренесува „Арабијан Бизнис”.

Влезот на стадионите ќе се проверува со електронски систем, а за тоа државата разви и посебна програма за продажба на картите.

Во јуни минатата година, Саудиска Арабија ја укина и забраната за возење автомобили за жените, одлука која стапува во сила од јуни годинава.

loading...