На кој од петте прсти носите прстен? Еве што тоа симболизира | Видео

2496

Не е сеедно ниту каков вид камен имате на прстенот – тоа би требало да зависи од тоа на кој прст го носите. Исто така, постои листа на кристали и полудрагоцени камења кои ќе го зголемат ефектот на симболизмот.

Прстот на кој обично носите прстен открива за вас повеќе отколку што мислите. Зборува малку за вашиот карактер, но и за вашите аспирации. Да речеме, прстенот не е резервиран само за луѓе кои се во брак или оние ветените, туку во некои култури претставува чистота и чување на девственоста за брак. Во колку прстените ги носите на повеќе прсти, тогаш тоа може да укажува на комбинација на карактеристики и симболи во вас – од секој имате по нешто.

Исто така, не е сеедно каков вид на камен имате на прстенот – тоа зависи од тоа на кој прст го носите. Постои и листа на полу-скапоцени камења и кристали кои ќе го зголемат ефектот на носењето прстен на одреден прст.

loading...

На кој прст вие носите прстен? Еве што значи тоа:

Палец

Ако носите прстен на палецот, тоа покажува дека сте многу силна личност. Исто така, открива дека имате некои карактеристики од машкиот карактер, како што се доминација, упорност и тврдоглавост. Палецот претставува самоопределување и волја.

Со прстенот за палец одлично оди полу-скапоцен камен карнеол, гранат или рубин.

Показалец

Таа открива дека се обидувате да стекнете поголема моќ и покажувате склоност кон мегаломанија и малку хистерија. Носење прстен на овој прст симболизира самодоверба, лидерство, амбиција и духовност. Во некои култури, носењето прстен на десниот показалец симболизира брак.

Ако носите прстен токму на показалецот, бирајте да е со лапис лазули кристал или син топаз.

Среден прст

Овој прст се смета најдобар за носење прстен, а ако го имате на тој прст, тоа покажува дека сте лојални и дека донесувате добри одлуки. Прстенот на средниот прст го симболизира балансот, правдата, правото, одговорноста и претражување на душата.

Добро е да го комбинирате со розов кварц, корал или аквамарин.

До среден прст

Се разбира, овој прст има главна улога во покажување дали некој е во брак, пред брак или е слободен. Во некои култури покажува нечија чистота или живот во ограничување на интимни врски додека не дојде време за брак.

Во поодамни времиња, луѓето верувале дека низ прстенот поминува нервот кој води директно во срцето. Ако носат прстен на тој прст, а не сте во брак ниту верени, тоа покажува дека сте многу романтични. Носењето прстен на тој прст ги симболизира односите, креативноста и љубовта кон убавината.

Совршено се вклопуваат со месечевиот камен, жад, сафир или тиркиз.

Мал прст

Без разлика дали сакате да носите прстен на вашиот мал прст, тоа покажува дека сте многу креативна личност и дека сте екстремно склони кон уметноста. Инаку, тоа симболизира интелегенција, комуникација, убедување и интуиција.

Во 19-тиот и почетокот на 20-от век, во некои земји, на малиот прст се носеле два прстена кои покажувале дека лицето е во брак – долниот прстен бил венчален, а на горниот се наоѓал потписот. Во некои случаеви, прстенот на мал прст се поврзува со организираниот криминал, бидејќи така го носеле мафијашите.

Добро е таков прстен да има месечев камен, килибар или цитрин.

loading...