На што треба да се обрне внимание | 7 симптоми кои укажуваат на тумор на мозокот

1496
Booking.com INT

Иако многумина главоболката веднаш ја поврзуваат со тешката болест, таа сепак не е меѓу првите предупредувачки знаци.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Туморот на мозокот доаѓа во сите облици и големини, а така е и со неговите симптоми.

– Тие првенствено зависат од позицијата на туморот. На пример, ако туморот е во близина на делот од мозокот кој ги контролира рацете и видот, во симптомите може да се вклучат вкочанетост или заматен вид – објасни неврохирургот Theodore Schwartz.

Тој додава дека ако се има впредвид дека секоја клетка во мозокот може да стане тумор и дека мозокот контролира информации од секој дел од телото, листата на потенцијални симптоми на тумор може да биде бесконечна. Сепак, некои знаци и симптоми се почести од другите.

1. Напади

Без оглед на типот на тумор, нападите честопати се еден од првите знаци дека нешто се случува.

– Поради иритација од туморот, невроните се “без контрола” и тоа доведува до абнормални движења – вели Schwartz. Како и туморите, нападите имаат многу форми. Може да доживеете грчење на целото тело или трзање во еден зглоб или дел од лицето.

2. Неспретност

Знак на неволја можат да бидат константните тикови и проблеми со рамнотежата. Проблеми со говорот, голтањето или неконтролираните изрази на лицето се едни од симптомите.

3. Трнење

Како и кај несмасноста, така и губењето на чувството во екстремитетите или во делот од лицето не би требало да се игнорира. Ако туморот се формира на мозочното стебло, симптомите ќе се рефлектираат на рамнотежата и здрвеност. Причината за ова е во фактот што мозокот на тоа место се спојува со ‘рбетниот мозок.

4. Промени во меморијата или размислувањето

Иако е точно дека туморот може драматично да промени нечие однесување, таквите радикални промени, кои обично ги гледаме во филмовите, во реалноста, сѐ сепак ретки. Луѓето со тумор на мозокот најчесто имаат проблеми со меморијата и се чувствуваат збунето.

5. Гадење

Овде зборуваме за гадење за кое нема објаснување и гадење кое трае подолго време и не попушта.

6. Проблеми со видот

Замаглувањето, двојна слика и губењето на видот може да бидат поврзани со туморот, вели неврохирургот. Тој додава дека лицето, исто така, може да види различни лебдечки форми наречени аури.

7. Невообичаени главоболки

– Иако многумина јаките главоболки веднаш ги поврзуваат со туморот, тие, всушност не се рана индикација на болеста, вели Schwartz. Главоболката може да се јави кај поголеми тумори, но не се меѓу првите симптоми.

Главоболката предизвикана од тумор на мозокот обично се јавува постојано или е трајна и не престанува. Често, таа е силна, а може да започне кај некој кој претходно немал главоболки. Се појавува ноќе и присутна е за време на будењето.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...