Неверојатна приказна: Адидас и Пума ги создадоа браќата – нацисти

4427

Адолф Даслер, основачот на Адидас обувките, почнал да ги изработува во подрумот на куќата на неговите родители. Нему му се придружил и брат му Рудолф. Двајцата им се придружиле на нацистите во 1933 година, а по војната биле во конфликт. Рудолф потоа ја основал Пума…

Набргу по Втората светска војна германскиот војник Адолф Даслер (18) се враќа од бојното поле во неговиот роден град, Херцогенаурах, во северниот дел на Баварија. Со оглед на тоа дека веќе го изучил чевларскиот занает, тој одлучил со тоа и да се занимава. А тоа не било невообичаен избор со оглед на тоа дека производството на обувките во областа била доста развиена. Тој започнал со мала занаетчиска работилница и ја ставил во прво време во подрумот за перење алишта во куќата на своите родители.

На младиот Даслер, кој бил роден во 1900 година, му помагал и таткото Кристоф, кој работел во фабрика за чевли. Многу талентиран млад човек полн со ентузијазам почнал да се интересира за спортски обувки и започнал да дизајнира нови необични модели, во еден сосема различен дизајн…

Адидас

Џеси Овенс ги прослави
Неколку години подоцна му се приклучил неговиот, за две години, постар брат, Рудолф. Неговата задача била сегментирана во продажбата, а на Адолф во дизајнот. Наскоро ја пријавиле компанијата “Gebrueder Dassler Schuhfabrik” (фабрика за чевли на браќата Даслер). Две години подоцна, започнале со производството во фабриката на другиот крај од градот.

За браќата започнал добар период, подобар отколку што можело да се очекува, и многу брзо станале официјални снабдувачи на некои репрезентации на Олимписките игри во 1928 година во Амстердам. Опремиле голем број на атлетичари и на тој начин се ширеле меѓународниот пазар.

Кога Хитлер дошол на власт во 1933 година, браќата им се придружиле на нацистите. Но, тоа не било ништо невообичаено, бидејќи во тоа време ако некој сакал да работи и да прави бизнис, требало да биде со режимот. Својата лојалност не ја изразиле сосема во 1936 година за време на Олимписките игри во Берлин. Американецот и Црнец Џеси Овенс, кој тогаш освоил четири златни медали, носел Адидас патики во својата победничка трка.

Способниот трговец Рудолф успеал да го убеди дека тој ќе биде непобедлив во нив, и тоа се смета за прв спонзорски договор, кој го постигнал еден обоен спортист. Адидас ги носеле и членовите на германскиот национален фудбалски тим, а браќата потоа буквално биле преплавени со нарачки од целиот свет.

Адидас

Војната ги раздели
За време на војната, никому не му биле потребни квалитетни спортски обувки, но имале потреба од војнички чизми, кои им се испорачувале на Вермахтот од нивните погони. Едно време во фабриката произведувале и антитенковско оружје. Но, во тие години на виделина излегува и непријателството меѓу браќата.

Инаку, тие имале многу малку заеднички карактеристики.

Адолф бил тивок и повлечен, сакал само да работи и да дизајнира, додека Рудолф бил темпераментен, дружељубив, секогаш подготвен за расправање.

Не си помагаат премногу еден на друг во времето на војната. Во тоа време тие биле на бојните полиња и се обвинувале меѓусебно за тесна соработка со нацистите или дезертерство. Братските конфликти, секако, не ги смирувале нивните “подобри половини”.

По војната, браќата дефинитивно се разидуваат, а Рудолф ја основа својата компанија и ја нарекува Пума, додека Адолф својата ја нарекува Адидас (Ади Даслер). Двете компании биле успешни, но го поделиле нивниот роден град Херцогенаурах.

Точно се знаело кои продавници, пекари и кафулиња им припаѓаат на “адидасовците”, а кои на “пумашите”. Цели семејства биле на едната или на другата страна.

Во расправија до крајот на животот
Дури и фудбалските клубови во овој град од 20 илјади жители биле дел од ривалството. Така, ASV Херцогенаурах носел адидас, а 1 FC Херцогенаурах пума.
Локалните жители го искористувале ова ривалство, така што мајсторите, кои доаѓале да ги прават поправките во куќата на Рудолф, задолжително обувале стари износени патики Адидас. Тие знаеле дека постариот брат Даслер кога ќе ги види на нивните нозе, ќе рече, „Соблечи го тоа ѓубре. Има купишта пума патики во подрумот, избери едни од нив … “Така бесплатно доаѓаа до нови бесплатни патики.

По разидувањето, некогаш сложните браќа до крајот на животот не прозбореле ниту еден збор. Тие ги закопале на истите гробишта, но на најоддалечните парцели. Никој всушност не ја знае вистинската причина за раздорот меѓу двајцата браќа, како и зошто тие остануваат раскарани до својата смрт.

Адолфовиот син Хорст ја продолжува традицијата, па во 1973 година го основал брендот на костими за капење Арена.

loading...