Неверојатна приказна за една двојка која јаде само неколку пати неделно | Фото/Видео

1135

Akahi Ricardo (36) и неговата сопруга Camila Castello (34) живеат на диета која не вклучува речиси никаква храна и тврдат дека консумираат само одредени супи од зеленчук и овошје, пишува Daily Mail.

Сопружниците кои живеат на релација Калифорнија – Еквадор тврдат дека заборавиле како е тоа да се биде гладен и дека луѓето можат да преживеат на енергијата која тече низ универзумот и низ нив самите. Castello, инаку мајка на две деца, ја следела таквата диета и кога била првпат бремена. Во текот на девет месеци цврста храна јадела само пет пати.

“Луѓето можат да преживеат без храна. Само треба да се поврзат со енергија, која постои во сите нешта преку дишење”, изјави Castello.

“Пред три години мојот сопруг и јас не сме јаделе ништо, а сега јадеме само повремено, како на пример кога се наоѓаме во некое друштво, или ако сакаме да вкусиме овошје. Кога бев бремена за прв пат, ги следев правилата на inedija (латински збор за пост, оп.а.). Гладта ми беше страна па живеев од светлината и не јадев ништо”, рече Castello.

“Крвната сика за време на сите три тромесечја ми беше уредна и родив здраво момче.”
Castello тврди дека е “поздрава” и “посреќна”, бидејќи не јаде ништо и тврди дека со inedija успешно ја контролира својата тежина и ги елиминира симптомите на ПМС. Ricardo и Castello учат за inedia и тврдат дека нивната диета без храна им го подобрила здравјето и им овозможила да ги трошат своите пари на други работи, како што се патувања.

“Inedija нѝ даде нова перспектива на животот. Секој може да живее како нас и да се чувствува подобро. Всушност не се работи за тоа дека ние не јадеме храна, се работи за разбирање на вселенската исхрана, а не само физичката исхрана и животот без граници”, изјави Ricardo.

Castello и Ricardo се запознале во 2005 година, а се венчале три години подоцна. Inedija ја откриле при патувањето по Јужна Америка, 2008. Двојката долги години го практикувала вегетаријанството за да постепено преминат на Inedija.

Castello, изјави дека за време на нејзината прва бременост била отворена за јадење цврста храна, но едноставно никогаш не била гладна. “Јас не почувствував потреба за цврста храна и во текот на тие девет месеци јадев само пет пати”, објаснува Castello.
“Знаев дека мојот син ќе го прехрани мојата љубов и дека тоа ќе му биде доволно за да биде здрав и да порасне.”

Castello, вели дека редовно одела на лекар и докторот потврдил дека нејзиниот син за време на бременоста бил во совршено здравје.

Двојката по раѓањето на синот малку го омекна својот режим на исхрана за да можат како семејство да уживаат во оброците. Но, како што велат, бездруго јадат многу малку. Castello во текот на втората бременост јадела парчиња овошје или зеленчукова супа, и понатаму многу помалку храна отколку што им се препорачува на бремените жени.

Castello и Ricardo сега јадат три до четири пати неделно и велат дека тие не ги принудуваат децата да го следат нивниот начин на исхрана.

“Никогаш не би се обиделе да ги промениме и им дозволуваме да јадат она што тие сакаат. Ние сакаме да ги истражуваат вкусовите и да развијат здрав однос кон храната”, изјави Ricardo. “Сега, кога и да јадам не го правам тоа затоа што сум гладна, туку само да ме потсети на чувството на храната”, додаде Castello.

loading...