Неверојатна снимка на бебе родено во авион | Видео

1251

Пред две години на височона од 9000 метри, се случило чудо – една мајка на свет донела бебе, а целиот настана забележан со камера …

Тајванка, чие име не било објавено, се породила на летот за Лос Анџелес во авионот на компанијата China Airlines.

По шест часа од летот, кој обично трае 19, на екипажот им соопштила дека водењакот (воденик) ѝ пукнал. Тимот на екипажот брзо реагирал, и за среќа се случило дека меѓу патниците била и д-р Анѓелика Зен.

loading...

“Се враќав од медениот месец, а со мене немав ништо од потребната опрема, беше многу тешко. Породувањето мораше да се изврши под тешки услови, но на крајот успеавме”, рече лекарката, благодарение на која на свет дошло едно здраво девојче.

Во видео објавено на CNN можат да се видат стјуардесите кои го држат новороденото бебе завиткано во ќебе, го бришат и весело се смеат додека возбудените патници искажуваат радост и аплаудираат.

“Ниту еден од патниците не паничел, сите биле мирни, за да жената колку е можно полесно се породи”, рече една од патничките, додавајќи дека новата мајка ја видела во тоалетот пред почетокот на летот.

“Беше огромна, и беше очигледно дека е во поодмината бременост. Се сеќавам дека ја прашав од каде и е идејата да патува било каде.”

Пилотот ја информирал компанијата за ситуацијата и побарал да слета на најблискиот аеродром во Алјаска.

Погледнете како изгледало породувањето:

loading...