Неверојатна трансформација на пристанишната зграда во Антверпен

594

Архитектонското студио „Заха Хадид“ ја проектираше дооградбата на пристанишната зграда во белгискиот град Антверпен, извршувајќи револуционерна трансформација на стариот објект. 

Геометриската структура од стакло и челик во која се рефлектираат боите на небото во текот на денот, го креиреа деликатниот баланс на пристанишната зграда.

loading...

Зградата, која претходно било седиште на градската противпожарна служба, еден период стоела празна, за потоа да биде пренаменета во објект во кој е сместена пристанишната управа.

Футуристичката доградба над стариот дел од зградата, овозможува поглед кон ретро фасадата на објектот и обезбедува работен простор за 500 службеници во пристанишната управа.

Архитектката Заха Хадид и претходно беше позната по футуристичките дизјани во нејзините градби, но и во комбинација на стари објекти со модерни доградби со карактеристики на иднината.

loading...