Неверојатна цензура | “Sky News” го исклучи британскиот генерал од преносот во живо кој се сомневал во нападот со хемиско оружје | Видео

2451
Booking.com INT

Се чини дека меѓу Британците, останало малку искреност само меѓу генералите и адмиралите кои повеќе не се на командните позиции.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Еден од водечките британски телевизиски канали – Sky News – му дале можност на поранешниот командант на силите на Велика Британија во Ирак, генералот во пензија Џонатан Шо, да го прокоментира, “Асадовиот напад со хемиско оружје во источна Гута” (Дума). И, на него се лизнал и посрамотил.

Генералот Шо во “живо” рекол дека сириските владини сили неодамна постигнале големи успеси во борбата против терористите и радикалните исламистички разбојнички формации и дека поради тоа военото раководство во Багдад немало ниту најмала причина за било каков “хемиски напад”.

При тоа во продожение подвлекол – “Мислам дека нешто губиме од вид… тоа каков мотив може да ја наведе Сирија на хемиски напад во ова време и на тоа место. Бидејќи, Сиријците победуваат.”

Шо ја цитирал неодамнешната изјава на американскиот генерал на Пентагон во Конгресот на САД дека “Асад ја добива војната”, кој уште и предупредил “ние треба да го прифатиме тоа.” Па продолжил:

“И сега одеднаш добиваме хемиски напад …”

Но, не ја завршил мислата. Тоа не му го дозволила водителката на емисијата. Таа изговорила:

“Извинете, жал нѝ е. Долго не чекавте, но мора да ве прекинеме. Многу нѝ е жал”.

И врската со генералот била прекината. Ништо на генералот не му вредело тоа што командувал со британските трупи во Ирак.

Со сличен тон зборували и британскиот адмиралот Алан Вест.

Прво истакнал: “Неоспорно е дека мора да се соберат несоборливи докази за тој напад (во Дума). Докази дека тој напад бил извршен од страна на армијата на Асад. Зашто, ако не сме убедени дека тоа е така – би било неразумно да се направи (Дамаск) одговорен за тоа … Во моментов нема такви докази”.

Адмиралот не се двоумел ниту да додаде:

“Невообичаено е за мене, како воено лице, армијата на Асад да е толку глупава да користи хемиско оружје во областа за која на овој или друг начин и онака одговара. Ми се чини дека тоа е чудно”.

Нему како на генерал Шо не му го исклучиле микрофонот, односно не му ја затвориле устата …

Дознајте ТУКА колку американски ракети соборила ноќеска сириската армија!

Извор: fakti.org/pravda.rs

Бонус видео

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...