Некој вчера кажа дека денеска ќе биде пекол?

318

Времето во Македонија претпладне на места ќе има зголемена облачност, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој уште од изутрина ќе започне во северните делови, а преку денот особено ќе се чувствува вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од  25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје претпладне ќе има умерена облачност, а попладне облачноста ќе се намали. Уште од изутрина ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

loading...

Температурата ќе се движи од 18 до 29 степени

Од петок следува период на стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои за време на викендот на југоистокот од земјата ќе достигнуваат 36 степени. Многу топло ќе биде и на почетокот на работната недела.

loading...