“Нема да дозволам малку целулит да застане на патот на мојата среќа” – Ashley Graham

1767

И покрај големата самодоверба, ниту плус size убавицата Ashley Graham не се чувствува секогаш добро и искрено говори за начините на кои таа се соочува со своите слаби моменти за да се чувствува секогаш моќна и силна.

Таа го сврте светот на модата наопаку, благодарение на неа на модните патеки и во кампањите не гледаме само еден тип на женски тела како поим на убавина и што е најважно – им помогна на многу жени да ги прифатат своите тела. Во списанието StyleWatch за јуни/јули, Ashley отворено проговара за своите стравови и проблеми.

“Има денови кога се чувствувам дебела и не сум сигурна дека некогаш ќе дојде време кога секоја жена на овој свет ќе се разбуди и ќе се чувствува како милион долари. Мојата желба е да им дадам на жените алатки кои ќе им помогнат кога ќе настапат таквите моменти, а понекогаш тоа може да биде толку едноставно како себе си да си кажете дека сте убава”, вели Ashley и открива дека самодовербата ѝ ја должи на својата мајка.

loading...

“Мајка ми е најпозитивната личност. Не е важно што ќе ѝ се најде на патот, таа не ја симнува насмевката од лицето”, вели Ashley и објаснува дека знаејќи го тоа не може да си дозволи малку целулит да застане на патот на нејзината среќа.

Девојката која предизвикала турбуленции во светот на модата (а вели дека ова е само почеток) веќе создала своја линија на костими за капење (во соработка со Dressbarn) и својата кукла Барби, а напишала и книга. За да го постигне сето ова, вели Ashley, не било доволно да се гушнат понудените можности, туку требало и да се работи напорно.

“Ја презедов контролата во своите раце. Пред тоа, бев опкружена со луѓе кои ме ограничуваа со своите визии за она што би можела јас да направам. Преку тоа научив дека ако нешто навистина сакам мора и самата да го сторам тоа. Нешто што не бараш, нема ни да добиеш”, вели Ashley.

За својата книга, “Новиот модел”, објавена пред околу еден месец, се надева дека ќе помогне да ги инспирира луѓето во создавањето на свои патеки во кариерата и животот.

“Мојот ненадеен успех кој ја одбележа минатата година не се случи преку ноќ, тоа беше 17-годишно патување во градење кариера. Насловот на книгата е одраз на промените кои ги гледаме во модната индустрија – повеќе нема норми, не постои само еден вид на убавина”, открива Ashley и објаснува дека “Нов модел” сугерира дека жените треба да бидат сигурни во она што се и дека можат да си бидат сами на себе модел.

Покрај неа денес има цела мала армија од жени кои ја поддржуваат и ѝ помагаат, а создавање на сопствените поттикнувачки средини нејзиниот е совет и до другите жени.

“Поддржете се една со друга. Во индустријата на моделирањето една жена е одлична, но ако сакате да направите големи промени, потребна ви е група модели кои се поддржуваат едни со други. На крајот, сакам само да им помогнам на другите жени да бидат среќни и да напредуваат, а тоа го посакувам и себе си”, порачува најпопуларната светска плус size убавица.

loading...