Нема начин како да се ослабне? Откријте како да го забрзате својот метаболизам

6055

Забавениот метаболизам и нездравите навики се главните виновници за зголемена телесна тежина. За губење на тежината потребно е да се воведат почести оброци, да се засили темпото на вежбање и внес на протеини и вода.

Забрзувањето на метаболизмот е светиот грал на здраво губење тежина, бидејќи тој го диктира темпото колку брзо телото ги користи внесените калории и дефинира колку храна воопшто му е неопходно. Брзиот или побавниот метаболизам го одредуваат гените, но и полот, а мажите обично имаат побрз метаболизам и помали количества на природни масти во телото. За повеќето луѓе, метаболизмот се забавува во 40-тите, поради што потоа доаѓа од зголемување на телесната тежина. Иако возраста и генетиката не можат да се контролираат, постојат начини за забрзување на метаболизмот.

Мускулите го принудуваат телото да работи побрзо

loading...

Создавање мускули е од суштинско значење за луѓето кои сакаат да го забрзаат метаболизмот. Телото постојано согорува калории за да работи, а метаболизмот во состојба на мирување е побрз кај луѓето со поголемо учество на мускулите. Така што и нивните дневни калориски потреби се поголеми, така што тие може да јадат повеќе и понатаму да се многу витки. Половина килограм мускули во состојба на мирување трошат околу шест калории за самоодржување на ден, додека половина килограм масти трошат дури две калории.

Без вода, метаболизмот се забавува

На телото му треба вода за да ги согори калориите, па дури и во состојба на блага дехидрација метаболизмот се успорува. Возрасните кои пијат повеќе од 8 чаши вода на ден, трошат и до 20 % повеќе калории отколку оние кои пијат само околу 8 dcl вода на ден. За оптимална хидратација, потребно е да се пие една чаша вода пред секој оброк, а како додаток добро е исхраната да се дополни со овошје и зеленчук кои содржат висок процент на вода.

Добро е да се грицка

Честите оброци се одличен начин да се забрза метаболизмот, па затоа е можно луѓето кои постојано нешто јадат да се потенки. Од големо значење е да се одбира храната, па идеални закуски се свежо овошје, салати, житарици и протеини со минимална масленост или маст. Оптимално е да се јаде на секои 3-4 часа во мали количини за да се потрошат повеќе калории во текот на денот. Исто така, луѓето кои често јадат малку за главниот оброк внесуваат помали количини на храна, покажуваат истражувањата.

Забрзајте го темпото за подобри резултати

Аеробните вежби како што се трчањето не градат големи мускули, но добри се за зголемување на метаболизмот со часови по вежбањето. За резултатите да бидат подобри и побрзи, потребно е да се поместуваат границите и да не се остане на исто темпо на вежбање. Отчукувањата на срцето се, исто така, одличен показател за тоа колку брзо телото “работи”.

Зачинете ја храната

Лутата храна и зачините содржат состојки кои можат да го забрзаат вашиот метаболизам. Веќе една лажичка мелено чили пиперка може да го забрза тој процес, иако ефектот е привремен, одличен е за варење и побрза потрошувачка на калориите од тој оброк, покажа една студија.

Кафето го буди метаболизмот

Кафето делува како стимуланс на телото, ја зголемува концентрацијата и ја обезбедува потребната енергија. Ако се пие умерено од 2-3 чаши на ден, тогаш е идеален додаток на исхраната, бидејќи ја забрзува потрошувачката на калориите. За подобри резултати, кафе треба да се пие пред тренинг.

Протеини за повеќе енергија

Самото тело троши повеќе калории за да вари протеини отколку масти или јаглехидрати. И покрај тоа што е важно да имате разновидна исхрана, кај посебен режим на слабеење добро е да се заменат јаглехидрати, како што се тестенини или ориз со кршливи протеини, како што се оние од јајца, месо од живина и риба.

Зелениот чај е сојузник

Пиењето две чаши зелен чај дневно го тера телото да троши околу 17 % повеќе калории дневно имитирајќи го ефектот на кафето. Најдобар избор е незасладен зелен чај со лимон, кој има бенефиции за губење на тежината, но има и моќ да го подигне имунитетот, што е особено важно за луѓето кои се на диета.

метаболизам3-001

Добро е да се наградите

Диетите со изгладнување и со пост имаат страшно влијание врз метаболизмот, бидејќи телото веќе по една недела се прилагодува на помали количини на калории и ја успорува својата работа со цел да се заштити. Затоа, кај секоја диета е добро понекогаш да се наградите, бидејќи тоа е изненадувачко за метаболизмот и го тера на работа, но има и голем психолошки ефект врз понатамошна мотивација за губење на тежината. На пример, добро е да се определи еден ден во неделата, во кој е дозволено да се јаде повеќе.

loading...