Неоспорни тврдења за секој хороскопски знак | Вагите – највешти заводници и ласкавци, Скорпијата – кралеви на ноќта

1809

Ви нудиме да прочитате некои невообичаени факти добиени од статистиката и истражувањата поврзани со хороскопските знаци.

Дали сте знаеле дека најголем процент на победници во различни квиз натпревари се меѓу Близнаците, дека Скорпиите се најсреќни кога ќе падне ноќта, дека меѓу Вагите има најмногу убави луѓе, и дека навидум строгите Јарци се добри музичари?

Податоците на британската и германската Националната асоцијација на возачите сведочат дека Овните водат во бројот на автомобилските несреќи, а повеќето поп ѕвезди се родени во знакот на Лав!

ВАГА

* 1. Мислењето дека Вагата е еден од најубавите во Зодијакот е поддржано и од експерти од козметичката индустрија.

* 2. На листата на мажи кон кои жените негуваат недоверба членовите на овој знак се наоѓаат на врвот. Ги сметаат за највешти заводници и ласкавци, на чиј шарм е тешко да се одолее. Очигледное дека на ваквата комбинација жените сè уште не се “дораснати”.

* 3. Социолошките истражувања покажуваат дека кај браковите, во кои разликата во возраста меѓу брачните другари е десет или повеќе години, знакот на Вагата е позастапен од другите.

* 4. Доколку е неопходно да се изјаснат кои ситуации од животот тешко ги поднесуваат, тие се одлучуваат за ситуации на затегнати меѓучовечки односи и конфликти. Често тврдат дека грижа на совест ги поттикнува што поскоро да ги надминат недоразбирањата, а тоа е затоа што се подготвени да го направат првиот чекор.

* 5. Кај Вагите, чувството за мирис е особено развиено, што ги прави идеални за бизнис во индустријата за парфеми. Без никакви потешкотии ќе го почувствуваат мирисот на туѓото тело.

* 6. Спротивно на верувањето, Вагите не се страстни љубители на чоколадото, ниту разни “баханалии” (дива, развратна пијанка; бучна веселба, лумпување). Кај нив предност има готвената храна, супите, сосовите …

* 7. Вагата е фасцинирана од рамнотежата и симетријата. Тие често се оние кои ја ценат еднаквоста, не трпат неправда каде и да ја има, и прават сé за да се ослободат од неа. Тие не се склони на соочувањето без причина и сакаат да го зачуваат мирот, онаму каде што е можно. Исто како што се потребни два предмети за рамнотежа така и вагите почесто бираат да бидат во група или двојка, отколку да се сами.

СКОРПИЈА

* 1. Ако сте љубители на црн хумор, побарајте ДРУШТВО НА Скорпија. Луѓето кои ги познаваат, велат дека со нив е многу забавно, а најмногу уживаат во нивните луцидни провокации и духовити досетки, кои пукаат во суштината на проблемот.

* 2. Според искуството од САД, неуспешните фабрики имаат најмногу шанси за закрепнување, доколку се во рацете на професионалните Скорпии. Тие се мајстори во сите работи кои бараат реконструкција, реорганизација, потрага по нови патишта.

* 3. Според американските извори, тие се кралеви на берзата. За оваа способност тие можат да се заблагодарат на својата извонредна интуиција и потребата да ги победуваат другите. Понекогаш во тоа ќе ги надминат само тврдокорните Јарци или адаптибилните Близнаци.

* 4. Пациентите родени во овој знак најлесно се опоравуваат од траума и шокови. Влијанието на судбината се перцепира како еден вид на тест кој треба да се положи со подобар резултат, а проблемите им даваат дополнителна сила.

* 5. Скорпиите како и Овните се склони кон неконтролирани испади на гнев. Во тоа ќе се убедите, ако почнете да ги анализирате пред другите или ако им поставите премногу интимни прашања.

* 6. Тие се во својот елемент само кога ќе падне ноќта. Нивната концентрација е најсилна околу полноќ, така што тие лесно учат и работат кога другите спијат.

* 7. Повеќе од другите знаци сакаат да покажат видливи нападни тетоважи по целото тело, повеќекратно дупнати уши, а жените Скорпии сакаат да носат накит на носот или папокот.

СТРЕЛЕЦ

* 1. Брачните партнери на Стрелците веруваат дека најголем недостаток на нивните брачни другари е склоноста кон неверството.

* 2. Доблестите кои кај нив најмногу се ценат се толеранцијата и подготвеноста за простување, а тие, исто така, нагласуваат дека често внесуваат ведрина и динамика во домот.

* 3. Се чини дека тие не сакаат столици. Претпочитаат да гледаат телевизија седнати на перници на подот, а често и спијат на подот. Дури и додека јадат седат на турски начин.

* 4. Тие се познати како најраздвижени луѓе. Причината лежи делумно во вродената живост, но многумина од нив се и верни обожаватели на јогата, тај-чи и разни видови на гимнастика.

* 5. Луѓето во овој знак почесто од другите поставуваат прашања и бараат дополнителни информации. Меѓутоа, се истакнуваат во групата на оние на кои нетрпеливоста не им дозволува да добијат комплетен одговор и знаат да прекинат нечие излагање.

* 6. Истражувањето покажало дека Стрелците имаат најбрзи реакции зад воланот. Педалата на ножната сопирачка ја притискаат 5% побрзо од второпласираните Овни, и се сметаат за сигурни возачи.

* 7. Иако се склони кон разводи, тие не се на врвот на оваа неблагодарна листа. Статистиките покажуваат дека бракот склопен помеѓу Стрелец и Близнак е комбинација која најчесто завршува на суд.

Јарец, Водилија и Риби

loading...