Неоспорни тврдења за секој хороскопски знак | Ракот – семејството на прво место, Лавот – горди на она што се, Девиците – тешко освоиви тврдини

2557
Booking.com INT

Ви нудиме да прочитате некои невообичаени факти добиени од статистиката и истражувањата поврзани со хороскопските знаци.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Дали сте знаеле дека најголем процент на победници во различни квиз натпревари се меѓу Близнаците, дека Скорпиите се најсреќни кога ќе падне ноќта, дека меѓу Вагите има најмногу убави луѓе, и дека навидум строгите Јарци се добри музичари?

Податоците на британската и германската Националната асоцијација на возачите сведочат дека Овните водат во бројот на автомобилските несреќи, а повеќето поп ѕвезди се родени во знакот на Лав!

РАК

* 1. Статистичките податоци покажуваат дека Раковите се меѓу најдобрите советници, иако не можат да си помогнат сами на себе. Кога работите во животот одат надолу, контактирајте ги … Екстремната интуиција и вродената претпазливост се причината зошто тие ви даваат мудри и практични совети.

* 2. Од друга страна, ако им тргне лошо во љубовниот живот, тие почесто од другите припадници на другите знаци ќе тргнат по лошиот пат и ќе се предадат на пиењето, скитништвото и претераните физички задоволства.

* 3. Раковите не се снаоѓаат најдобро во улога на претпоставените. Избегнуваат да држат говори или да се изложуваат на јавноста. Тие тешко воспоставуваат авторитет, а како недостаток, им припишуваат прекумерна попустливост.

* 4. Тие се економични. Штом ќе се вработат, почнуваат да штедат за старост и црни денови.

* 5. Куќата на Раковите често изгледа како магацин на стари и непотребни нешта. Овие традиционалисти на уметничкиот сензибилитет сентиментално се поврзуваат со предметите кои ги опкружуваат, па тешко можат да се одделат и од безвредните ситници.

* 6. Семејниот живот им е од особена важност, а сè друго е во втор план.

* 7. Жените Ракови облеката обично ја обновуваат на пазарите, а и старите гардеробери или тавани се нивните омилени “бутици”. Многу оригинално и вешто комбинираат старо и ново, секогаш изгледаат многу заводливо.

ЛАВ

* 1. Истражувањата спроведени во Холивуд, Њујорк и Франција покажуваат дека Лавовите се највредни посетители на големите општествени настани и редовно се присутни на сите гламурозни забави.

* 2. Лавовите припаѓаат на ретка група среќници кои не подлежат на трема ниту паника пред да одат на испит, ниту во ситуации кога треба да се појават пред публика. Најмногу естрадни ѕвезди се родени во овој знак.

* 3. Тие сакаат да бидат горди на она што го имаат, па така и на изборот на партнер. Саканата личност со гордост ќе ја покажуваат во друштво и ќе го истакнуваат нејзиниот шарм, образование или убавина.

* 4. Иако ретко се одлучуваат за развод, истражувањата покажуваат дека на разделбите се најмногу склони во мај и декември. Месеците во кој најчесто се вљубуваат се јануари, февруари, април и јуни.

* 5. Лавовите важат за најдобри љубовници во Зодијакот (освен Шкорпијата и Рибите), но истражувањата покажуваат дека најчесто страдаат од сексуални проблеми. Причината за ова лежи во нивната гордост и суета.

* 6. Истражувањето спроведено од познат бизнис магазин во педесетте најголеми американски компании покажува дека голем дел од луѓето на водечките позиции се раѓаат во овој знак, а во средниот менаџментски слој нивната застапеност е уште поголема.

* 7. Лавовите се сметаат за одлични гурмани; слабата точка им се слатките, колачите, сладоледот и палачинките.

ДЕВИЦА

* 1. Според некои статистики, девиците се најстраствените читатели на љубовни романи. Бидејќи психолозите посочуваат дека луѓето, со избирање литература, компензираат за она што им недостасува во животот, се чини дека тие посакуваат љубов и романса.

* 2. Тешко освоиви тврдини… Заљубените Девици најпрво ќе најдат причини против впуштањето во врска, за да по анализата на доблестите и грешките на партнерот ќе му се препуштат на повикот на срцето.

* 3. Тие сакаат да проучуваат љубовни техники.

* 4. Според некои истражувања, на позиции на менаџери на американски фабрики и банки, тие заземаат второ место, но таму се некаде околу педесетиот роденден.

* 5. Тие имаат најосетлив дигестивен систем. Како по правило, нивниот стомак прекумерно лачи вишок стомачна киселина, па често заболуваат од чир на желудник.

* 6. Девиците се малку застапени во популацијата алкохоличари и наркомани. Причината за тоа е нивното избегнување средства кои би можеле да го попречат рационалното просудување или да поттикнат несоодветно однесување.

* 7. Потребно им е повеќе време за решавање на секојдневните проблеми отколку на припадниците на други знаци во Зодијакот. Тие посветуваат премногу внимание на деталите и на анализата, што е и причина зошто тие поспоро ја согледуваат целината на проблемот.

Вага, Скорпија и Стрелец

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...