Неоспорни тврдења за секој хороскопски знак | Јарците – посакувани мажи, Водолиите – тешко се планира заедничка иднина, Рибите – се на врвот по заљубување на прв поглед

1658

Ви нудиме да прочитате некои невообичаени факти добиени од статистиката и истражувањата поврзани со хороскопските знаци.

Дали сте знаеле дека најголем процент на победници во различни квиз натпревари се меѓу Близнаците, дека Скорпиите се најсреќни кога ќе падне ноќта, дека меѓу Вагите има најмногу убави луѓе, и дека навидум строгите Јарци се добри музичари?

Податоците на британската и германската Националната асоцијација на возачите сведочат дека Овните водат во бројот на автомобилските несреќи, а повеќето поп ѕвезди се родени во знакот на Лав!

ЈАРЕЦ

* 1. Луѓето во знакот на Јарец спаѓаат во групата која купува скапи брендови. Истражувањата покажале дека тие не се страстни потрошувачи и дека ги купуваат само неопходните работи, при што основни критериуми им се квалитетот и трајноста на производите.

* 2. Дека некои уверувања за нив треба да се преиспитаат, сведочи и податокот дека тие не се заложуваат за брачна верност до тој степен до кој тоа се смета. Со годините стануваат порелаксирани и повесели, и поради тоа се склони на понекој вонбрачен излет.
* 3. Жените, генерално идеалниот сопруг го замислуваат како одговорен, доверлив и лојален маж. Со оглед на тоа дека станува збор за одлики на мажи родени во знакот на Јарец, произлегува дека тие се високо на скалилото на посакуваните мажи.

* 4. Токму во овој знак се родени многу истакнати музичари, особено гитаристи. Овој податок оди во прилог на мислењето дека тие се посензибилни отколку што обично се смета. Исто така, постои и рекорден број на Јарци – комичари.

* 5. Една од нивните омилени разоноди е шахот, игра која го вежба мозокот и ја развива комбинаториката. Така тие ја учат стратегијата на делување која ја применуваат и на работа.

* 6. Најголемиот број луѓе родени во овој знак заземаат водечка позиција, во 100-те најголеми банки во САД.

* 7. Работниот ден на Јарецот често трае до доцна во ноќта. Истражувањата извршени во американските корпорации и банки покажуваат дека тие најчесто се бричат и се пресвлекуваат во нивните компании.

ВОДОЛИЈА

* 1. Американските работодавачи претпочитаат да вработуваат Водолии на работни места кои бараат оригиналност. Истражувањата базирани на набљудување на вработените покажуваат дека Водолиите работите на подвижна лента ги извршуваат на свој уникатен начин.

* 2. Тие се фасцинирани од сè она што е ултрамодерно. Статистичките податоци покажуваат дека тие биле меѓу првите кои набавиле компјутер и се поврзале на Интернет. Во кујната почесто од другите се служат со апарати.

* 3. Што се однесува до емотивниот живот, Водолиите спаѓаат во група на оние со кои тешко е да се планира заедничка иднина. На нивните партнери најмногу им пречи нивната склоност да воспостават пријателски однос со нивната поранешна љубов, и тоа дека честопати се несигурни во природата на своите чувства.

* 4. Пријателите им замеруваат на немирот и постојаната потреба за новини. Не ги држи место, па излегувањето со нив често значи трчање од место до место …

* 5. Водолиите се најотпорен знак кога станува збор за климатските промени и времето. Најбрзо и најлесно се навикнуваат на необични услови на живот, поларна студ, монсуни и тропски температури.

* 6. Тие го заземаат врвот на листата на домаќини во чиј дом гостите најпријатно се чувствуваат. Кај нив секогаш можете да упаднете ненајавени и слободно да влегувате во кујната и самоиницијативно да направите кафе или ручек.

* 7. По начинот на кој луѓето патуваат, лесно ќе погодите припадност на одреден хороскопски знак. Ако видите лице вооружено со камери и фотоапарати, нема да згрешите ако помислите дека е Водолија.

РИБИ

* 1. Рибите се миленици на среќата. Судејќи според резултатите од истражувањата на маркетиншките експерти, на успехот во кариерата Рибите можат да се заблагодарат во голема мерка на поповолен сплет на околности отколку на амбицијата.

* 2. Иако Рибите се сметаат за хаотични и понекогаш површни, истражувањата не го потврдија ова мислење. Иако ќе знаете по преполната работна маса кој седи зад неа, Рибите се во првите редови во брзина на пронаоѓање на потребните документи, како и во леснотијата со која тие се сеќаваат на нивната содржина.

* 3. Го сакаат допирот на металот. Ако се обрне внимание на нивното однесување во време на замисленост или додека се концентрираат на нешто, ќе забележите дека тие често несвесно тријат или го вртат приврзокот, прстенот, брезлетната или некој друг метален предмет.

* 4. Ретко се жалат на било каков недостиг или недостаток на пари. Припадниците на овој знак се задоволни и со пониски приходи.

* 5. Во групата на болни, за чија болест не е утврдена органска причина, застапеноста на Рибите е рекордна. Покрај тоа што изразуваат склоност кон невообичаени болести, процесот на нивното лекување честопати не го подржува научното објаснување.

* 6. Во популацијата на огнени поддржувачи на различни духовни групи, тие се еден од најчесто застапените знаци. Причината за тоа е што тие сакаат да се жртвуваат во полза на општото добро.

* 7. Резултатите од истражувањата кои се спроведени на американските тинејџери потврдуваат дека Рибите се на врвот по заљубување на прв поглед. Членовите на овој знак често известуваат за тоа дека своите идни партнери “ги запознале ” прво во сон, а потоа дури на јаве.

Овен, Близнаци и Бик

loading...