(Не)примерна Пипа Мидлтон | Дали проѕирниот фустан е достоен за Вимблдон?

1624

Стилски многу одмерена, сестрата на војвотката од Кембриџ, Пипа Мидлтон, третиот ден од најпознатиот тениски турнир во светот се појавила во проѕирна летна комбинација. Иако средниот дел на телото го прекрива тесно мини здолниште, општиот впечаток е лажлив.

Вимблдон е социјален настан кој британското кралско семејство не го пропушта. А нивниот делегат на третиот ден од најпознатиот тениски турнир во светот, е прекрасната сестра на војвотката од Кембриџ, Пипа Мидлтон.

Инаку, стилски многу одмерена Пипа, овој пат избра проѕирна летна комбинација, а во британските медиуми веднаш се постави прашањето за тоа дека е (не) соодветна.

loading...

Тоа е фустан од чипка со деколте на модната куќа Self-Portrait од 360 фунти. Иако средниот дел на телото го прекрива тесно мини здолниште во боја на кожа, севкупниот впечаток може да биде лажлив.

Малку заводливиот изглед на валкано розевиот фустан, белата јака и црн појас на половината го прави построг, а г-ѓа Мидлтон стајлингот успешно го заокружи со салонки и плик торба од велур кожа и секако, со неизбежни очила за сонце.

Триесетгодишната Пипа на тенискиот меч дојде во друштво на својот помлад брат Џејмс, а според објавените фотографии активно го следеше секој потег на играчите.

loading...