Несоодветното движење на телото може да биде знак дека партнерот ви е неверен

4935

Ако се сомневате дека вашиот маж или момче ви е неверно, веројатно ќе преземете некои одредени чекори, како проверка на неговиот телефон, за да ја дознаете вистината. Но, според експертот за говор на телото, дали партнерот ви е верен можете да заклучите и според говорот на телото. 

„Привлечноста и сексуалните односи можат да создадат зголемување на тестостероните и суптилни промени на телото” – рече за Индепендент Пати Вуд, експерт за говор на телото.

Вуд истакна дека алфа сигналите не мора нужно да значат дека партнерот ви е неверен, но ако говорот на телото ненадејно се промени тоа може да значи дека имате проблем. Тоа би можело да се манифестира во обид на мажот да изгледа повисок така што ќе ги исправи рамената напред. Тоа е чест обид за праќање на алфа сигнали.

Експертката додава дека посебно е интересно и стоењето со раширени нозе, бидејќи на тој начин се создава стабилна база и сугерира дека лицето се чувствува полн со самодоверба. Ако некој стои со раширени нозе тоа може да биде потсвесен обид телото да изгледа поголемо и пошироко, а Вуд вели дека тоа е сигнал на доминација.

Заземајќи таков став го подготвувате своето тело во случај на напади од друго лице, а Вуд тврди дека тоа може да значи дека мажот има ново лице во својот живот кое сака да го сокрие.

Втора карактеристика на широкиот став е фактот дека машкиот полов орган станува ранлив, што може да биде начин на праќање на порака дека мажот не се плаши, смета дека толку е силен што никој нема да се обиде да го повреди.

„Тоа може да биде сексуален приказ на мажот кон жената или покажување на моќ на маж кон маж” – наведува Вуд.

Истакнувајќи ги половите органи мажите се обидуваат да пратат алфа сигнал и да се пофалат без зборови, што е најчесто резултат на зголемен сексуален интерес.

loading...