Неуништливо! Мистериозно суштество од водните длабочини | Видео

1487
Tardigrade
Booking.com INT

Овие микроскопски суштества можат да преживеат неверојатен поларен студ, екстремна горштина, но и престој во вселената.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Tardigrade се микроскопски суштества големи околу 1 милиметар. Тие имаат осум нозе и муцка, а поради мускулестото тело се нарекуваат водени мечки. Тие се хранат со растителни клетки и мали животни како на пример црви.

Живеат во сите мориња и слатки води, преживуваат во џебовите на мовта, а можат да се најдат во влажните талози на крововите на куќите.

Тие имаат толку неверојатен “инстинкт” за преживување и се прилагодуваат на немилосрдните услови и тогаш кога не се во близина на водата. Ги успоруваат своите витални функции до состојба на длабок сон и чекаат подобри услови неколку месеци или дури и години. Не е чудно што се предмет на многу научни истражувања.

Преживуваат поларен студ и висока топлина

Експериментите покажале дека можат да преживеат во изворите со термални води, кои постигнуваат 150 Целзиусови степени или да опстојат под неколку слоеви мраз на планинските врвови на Хималаите до -200 степени Целзиусови. Исто така, можат да поднесат зрачење неколку илјади пати поголемо од она зрачење кое може да го преживее човекот.

Европските истражувачи во 2007 година ја тестирале издржливоста на овие микроскопски суштества во вселената полни 10 дена. Дури 68 проценти од примероците кои биле заштитени од директна сончева светлина преживеале враќање на Земјата, но и неколку од оние кои немале никаква заштита.

Националниот парк Халеакала кој се издига на 3055 метри надморска височина на Хаваите е еден од најголемите живеалишта на овие микроскопски суштества. На педесет квадратни километри пронајдени се дури 31 од 1000 познати видови на водени мечки кои живеат низ целата планета.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...