Нешто мрачно убива 11.000 галаксии во нашето соседство

1147

Со истражувањето на 11.000 околни галаксии откриено е дека т.н. „крвоток” за формирањето на нови ѕвезди, гасови, се губи од засега непознати причини.

Научниците, резултатите од ова истражување ги објавија на 17 јануари и заклучија дека гасовите ги „голтаат” големи „облаци” на темна материја кој ги опкружуваат овие галаксии.

Студијата објавена во стручното списание „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society” се темели на податоци добиени од Меѓународниот центар за радио-астрономски истражувања (ICRAR) во Австралија.

loading...

Кога во галаксиите не се наоѓа доволно гас, тие не можат да создаваат нови ѕвезди.

– Гасовите го диктираат животот на галаксиите, бидејќи постоечките ѕвезди се ладат и стареат. Ако го отстраните горивото за создавање на нови ѕвезди вие ја убивата галаксијата и ја претворате во мртов објект – рече астрономот Тоби Браун, водач на студијата.

Браун овој брз процес го споредил со уште еден начин на кој изумираат галаксиите, а кој е познат како гушење.

– До гушење доаѓа кога гасовите се трошат на формирање на нови ѕвезди и тоа пред да успеат да се надоместат. На тој начин галаксијата сама себе се лишува од нов живот – вели Браун додавајќи дека разликата е во тоа што ова е побавен процес.

Бизнис инсајдер – Њујорк

loading...