Нејзиното височество – Љубовница

5930

Дури и терминот “љубовница” носи навредлива конотација и некако ја навредува жената која ќе заглави во таква ситуација.

Повеќето од жените се надеваат дека порано или подоцна ќе ја преземат позицијата на законска партнерка. Ова е приказна за една од нив – убавата грофица Walewska која во екранизација на големата љубовна приказна ја глумеше Грета Гарбо.

Грофицата Maria Walewska била многу убава полска аристократка и љубовница на царот Наполеон I. Како и повеќето љубовници, својата улога ја сметала само за минлив период до подоцнежната улога на законска жена. Но, тоа речиси никогаш не се случува. На Наполеон, сепак, помила му била моќта. Во подоцнежните години, Maria Walewska се омажла со грофот Philippe Antoine d’Ornano, влијателниот чиновник на Наполеон кој со години бил заљубен во неа.

d'Ornano-001

Philippe Antoine d’Ornano

Maria е родена во богато аристократско семејство, а нејзиниот татко починал пред да се роди. Имала шест браќа и сестри. Таа пораснала во замокот на своите предци, каде што добила одлично образование, како што е музиката, на која ја обучувал нејзиниот учител Фредерик Шопен.

На 19 години (во 1805 година) стапила во брак со грофот Athenasius Colonna-Walewski, кој бил братучед на последниот полскиот крал, Stanisław August Poniatowski. Грофот Walewski бил премногу богат земјопоседник, но четири пати постар од Maria. Maria и Athenasius имале еден син, Antoni Rudolf Bazyli Colonn- Walewski.

Врската со Наполеон

Grofica Marija Walewska Napoleon-001
Maria за прв пат се сретнала со Наполеон со 20 години, а според нејзините мемоари, само на кратко разговарале. Сепак, Наполеон бил фасциниран од нејзината несекојдневна убавина и се обидувал сè (она што го прават и другите мажи) да ја види повторно во Варшава, посакувјќи љубовна афера со неа.

Maria навистина се спротивставувала на таа идеја, иако во бракот била несреќна (нејзиниот сопруг имал скоро 80 години) важела за многу побожна млада жена. Но, на неа вршеле притисок полските аристократи, кои се надевале дека би можела да влијае на царот како на водечка политичка фигура на тогашната Европа, да ја поддржи Полска во борбата за независност од Пруската, Хабсбуршката и Руската империја. Maria тврдела дека му се подала на Наполеон чисто од патриотски причини.

Нивниот однос првично била добро чувана тајна, иако неофицијално тоа била една од најчесто коментираните вести во аристократските кругови ширум Европа. Walewska го посетувала Наполеон (кој заради неа се преселил во варшавскиот кралски замок) само ноќе и тајно заминувала наутро. Односот со време се продлабочил и грофицата Maria Walevska го проследила Наполеон и во Finckenstein палатата во Источна Прусија. Откако се преселила во резиденцијата во палатата, живеела како затвореничка ненапуштајќи ја собата за да не ја види послугата.

На 23 години Maria била со Наполеон за време на неговиот престој во Виена, каде што живеела во куќа во близина на палатата Шенбрун, тогашната резиденција на Наполеон. Во Виена таа забременила и се вратила на Walewice да се породи со нејзиниот втор син, Alexandre Joseph. Иако Александар несомнено е дека бил син на Наполеон, го носел семејното име и титулата на грофовите Colonn- Walewski. Наполеон тогаш сѐ уште бил во брак со Жозефина.

alexandre joseph colonna walewski2-001

Aleksander Florian Józef Colonna-Walewski, синот на Марија и Наполеон

1810 година Наполеон се вратил во Париз, каде што наскоро му се придружила 25-годишната Maria Walewska. Таа живеела во кралската резиденција во Rue de Montmorency и добила значителна рента од 120.000 франци со дозвола за влез во сите царски простори, иако нејзината љубовна афера со Наполеон завршила. Императорот Наполеон планирал да се разведе од царицата Жозефина и да се ожени со грофицата Maria Walewska, но се оженил со друга Марија … Марија Луиза Хабсбург станала втората сопруга на Наполеон, бидејќи тоа соодветствувало со политичката ситуација, па одржувањето на љубовната врска со Maria Walewska станало политичко прашање. На неа и на нејзиниот син им биле доделени големи имоти во Кралството Неапол, и на тој начин биле егзистенцијално згрижени.

На 27-години, Maria се развела од грофот Colonn-Walewski. Постапката ја олеснил нејзиниот брат, Benedykt Jozef, кој признал дека тој ја присилил на брак, иако таа на тоа решително се спротивставувала.

1816 година грофицата Maria се омажила за својот долгогодишен обожавател и љубовник, грофот Philippe Antoine d’Ornano. Тие се населиле во Лиеж, бидејќи грофот како близок соработник на Наполеон не сакал да се врати во Париз заради 1817 година. Maria му раѓа син на грофот d’Ornano, Rudolph August, но за жал починала набргу потоа.

Таа починала на 33 години. Пред својата смрт, ги завршила своите мемоари.

Maria Walewska оставила зад себе три сина:
• од првиот брак со грофот Walewski, за чиј живот малку се знае
• од врската со Наполеон, кој станал важна фигура во француската политика на 19 век. Тој бил влијателен дипломат и министер.
• од бракот со грофот d’Ornano, кој, исто така, бил влијателна фигура во француското општество. Потомците на нејзиниот син од вториот брак, го создале бренд за убавина Sisley.

Sisley-001

Marie Walewska исто така, имала внук Barth, кој живеел во Берген, Норвешка. Семејството Walewski и ден-денес живее во Норвешка.

Содржајниот живот на Maria го привлекло вниманието на голем број полски и француски историчари. Првиот научник, кој со дозвола на семејството на d’Ornano, ја напишал биографијата на грофицата наречена “Marie Walewska, L’Épouse poloneza de Napoleon”, бил француски историчар Frederic Masson. Maria е претставена во неа како еден благочестив патриот и многу влијателна на политичката карта на Европа.

Приказната за убавата грофицата раскажана е и во филмот “Marie Walewska” во 1937 година. Грофицата ја глуми Грета Гарбо, а Charles Boyer е Наполеон. И двајцата беа номинирани за Оскар.

 

loading...