Не ги користете овие ПИН кодови за вашата кредитна картичка

267

Честопати, луѓето користат несигурни и ризични ПИН кодови и компјутерски шифри, коишто можат да донесат многу главоболки.

Да се запомни шифрата е важно, се разбира, но уште поважно е таа да не е дотолку лесна, така што некој друг би можел да ја „потрефи“. Има неколку основни грешки, кои многумина од нас ги прават, кога ставаат ПИН код на нова картичка или пак, го заменуваат претходниот.

Никогаш не користете ги следниве комбинации: вашиот датум на раѓање, годината на раѓање, тековната година, роденден на ваши блиски, потоа – четири исти цифри (најчесто користените се – четири нули), поштенскиот број на вашето место на живеење, вашиот телефонски број, датумот на вашата свадба или кој било друг поважен настан во животот.

loading...