Не го капете бебето секој ден

5063
Booking.com INT

Др. Ари Браун од Американската академија на педијатри вели дека родителите прават грешка со тоа што бебињата ги капат секоја вечер, особено ако им ја мијат и главата. 

Bitcoin Exchange CEX.IO

Доволно е еднаш или два пати неделно од глава до пети да се искапе бебето, тврди Браун, портпарол на Американската академија на педијатри.

Таа вели дека родителите не би требало да користат премногу козметички средства за капење, туку да употребуваат поедноставни средства за хигиена без парфем и боја. Докторката дава уште неколку совети:

– Температурата на водата во која се капе бебето мора да биде прилагодена. Треба да изнесува меѓу 35 и 37 степени, никако потопла. Затоа да се обрне внимание на грејачите на водата.

– Многу родители стравуваат да ги капат бебињата додека „папокот не падне“, но Браун вели дека не треба многу да се грижат родителите за делот кој веќе зараснал, туку за кожата околу папокот. Ако се забележи гној, нежно би требало да се избрише со медицински алкохол или газа натопена со обична вода.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...